Контакт

Свет

Делегацијата на САД ја напушти дебатата во ОН поради Ахмадинеџад

Објавено пред

Делегацијата на САД вечерва го напушти заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации(ОН), откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во говорот рече дека постојат шпекулации оти нападите на 11. септември 2001. година ги организирале токму САД.

Делегацијата на САД вечерва го напушти заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации(ОН), откако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во  говорот рече дека постојат шпекулации оти нападите на 11. септември 2001. година ги организирале токму САД.

Ахмадинеџад не појасни зошто би го направиле тоа САД, но го нападна Вашингтон поради ангажманот во Ирак и Авганистан, пренесува Асошиејтед прес.

Иранскиот претседател рече дека постојат мислења според кои „некои структури во САД го организирале нападот за да го свртат вниманието од проблемите како падот на американската економија и проблемот на Блискиот исток, но и да го сочуваат ционистичкиот режим во Израел“.

„Мнозинството Американци, како и другите народи и политичари се согласуваат со таквото гледиште“, рече Ахмадинеџад. /крај/ап/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.

Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.

Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Почина Лери Кинг

Објавено пред

Легендарниот американски телевизиски водител, Лери Кинг, почина на 87-годишна возраст.

Веста за смртта ја објави на „Твитер“ неговото продукциско студио „Ора ТВ“.

На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран поради коронавирус.

Кинг беше ветеран на американската телевизија и радио, најпознат по интервјуата со познати личности од сите сфери на животот. Во текот на својата кариера, тој објави неверојатни 60.000 интервјуа.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсена сопругата на Навални на протест во Москва

Објавено пред

На протестот против рускиот претседател Владимир Путин во Москва уапсена е Јулија Навални, сопругата на главниот противник на Путин, Алексеј Навални. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.

„Извинете за слабиот квалитет на сликата, осветлувањето во комбето е лошо“, напиша сопругата на Алексеј Навални покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yulia_navalnaya

Протестите за поддршка на затворениот руски дисидент Алексеј Навални и изразувањето на гнев поради државната репресија започнаа со апсења, пренесуваат агенциите.

Навални во моментов е во истражен затвор каде издржува 30-дневен притвор. Руското правосудство го товари за кршење на условната казна со неговото заминување во Германија на лекување, откако беше отруен со „новичок“.

Во Хабаровск, кој е седум часа пред Москва поради временската разлика, активистите споделија видеа од полицијата како тепа демонстранти и ги става во полициско возило. Градот протестира и против апсењето на популарниот гувернер Сергеј Фургал.

И покрај сибирското студено време, стотици демонстранти излегоа на улиците на Владивосток и Иркутск, извикувајќи: „Ние сме моќни“ и „Путин е лажго“.

Поддржувачите на Навални најавија протести во повеќе од 90 градови низ целата земја, организирани преку социјалните медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја предупреди јавноста да не учествува во неовластени протести. Покрај тоа, предупеди тој, сите протести поради пандемијата се забранети со месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет3 часа

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ4 часа

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ4 часа

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија5 часа

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет5 часа

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија5 часа

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион6 часа

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Свет19 часа

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион20 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет20 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Свет23 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија1 ден

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа1 ден

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија1 ден

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија1 ден

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ1 ден

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија1 ден

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија1 ден

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија1 ден

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Досие