Контакт

Свет

Карзаи не пател од маниjакална депресија

Објавено пред

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги негираше тврдењата во новата книга дека се лекувал од манијакална депресија и ова го нарече провокаторски напад и напад врз човечкото достоинство.

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги негираше тврдењата во новата книга дека се лекувал од манијакална депресија и ова го нарече провокаторски напад и напад врз човечкото достоинство.

Тврдењата се појавија во книгата “Војните на Обама“ на легендарниот американски новинар Боб Вудворд

„Вашингтон пост“ цитирајќи податоци на военото разузнавање соопшти дека авганистанскиот претседател страдал од манијакална депресија.

Портпаролот на Карзаи изјави дека тврдењата во книгата не се нови и се појавуваат секогаш кога претседателот ќе заземе позиција за прашања од национален интерес на Авганистан.

„Тврдењата за претседателот на Авганистан се крајно провокативни. Тие не се нови.Тие се вкоренети во позициите на претседателот за прашања од национален интерес на Авганистан и секогаш кога тој ќе заземе слични позиции имало напади врз неговото лично достоинство. Претседателот Карзаи има одлично здравје, не зема никакви лекарства, не само за депресија, туку тој немал ниту физички проблеми“ изјави Ахмед Омер. /крај/бг/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Наследникот на Самсунг осуден поради корупција

Објавено пред

Наследникот на јужнокорејската бизнис империја Самсунг, Ли Џае-јонг е осуден на 2,5 години затворска казна поради корупција, јавија денеска локалните медиуми. Со таа пресуда, тој ја губи моќта да носи важни одлуки за иднината и работењето на технолошкиот гигант.

Високиот суд во Сеул го осуди Ли, формално потпретседател на Самсунг електроникс, најголемиот производител на паметни телефони и компјутерски чипови во светот, е прогласен за виновен за мито и проневера во врска со скандалот што доведе до симнување од власт на претседателот Парк Геун Хе.

Ли ја водеше компанијата неколку години откако неговиот татко доживеа срцев удар, по што почина во октомври минатата година.

„Многу е жално што Самсунг, водечка компанија во нашата земја и горд глобален иноватор, постојано е вклучен во криминални дела секогаш кога има промена на политичката моќ“, се вели во пресудата.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Објавено пред

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивни на вирусот корона.

Минхенски „Меркур“ пишува дека досега непознат вид коронавирус е откриен кај три заразени лица.Лаборантите во клиниката со помош на специјален лабораториски апарат утврдиле неправилности во примероците.

Примероците на пациентите со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде што со детална анализа е потврдено сомневањето дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој што сега е откриен во Германија.

Клиниката во Гармиш-Партенкирхен посочува дека е нормално вирусот да мутира и тие потсетуваат дека повеќе од 12.000 промени во низата на вируси се утврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.

Поради појавата на мутиран вирус, сите операции на клиниката се откажани, а одделите во кои е утврдена инфекцијата се изолирани.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција: Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

Објавено пред

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.

Јачината на земјотресот била 4,2 степени, иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.

Засега нема информации дали има штети или повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и...

Регион28 минути

Грција: Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот...

Свет39 минути

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион1 час

Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се околу 46 000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти,...

Свет2 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет2 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет2 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет13 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ13 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет14 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет15 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион16 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија19 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија20 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија22 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет23 часа

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт1 ден

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион1 ден

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија1 ден

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија2 дена

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Досие