Свет
Авион со 273 патници принудно слета паради дојава за бомба
Авион со 273 патници кој што летал од Канада за Пакистан принудно слета изутрината на аеродромот во Стокхолм поради дојава за поставена бомба, соопшти локалната полиција.
Авион со 273 патници кој што летал од Канада за Пакистан принудно слета изутрината на аеродромот во Стокхолм поради дојава за поставена бомба, соопшти локалната полиција.
Пилотот на авионот Боинг 777, кој летал на линијата Торонто-Карачи, одлучи да слета, откако добил информација од канадската полиција дека еден од патниците поседува експлозив.
Авионот безбедно слета на аеродромот Арланда и е паркиран на крајот на пистата, а специјалните единици за откривање на експлозив се подготвуваат да влезат во авионот, јавува Франс прес.
„Не планираме да ги евакуираме патниците, туку да го приведеме осомниченото лице“, изјави портпаролката на шведската полиција Суси Илум.
Воздушниот сообраќај на стокхолмскиот аеродром не е прекинат и се се одвива нормално. /крај/он/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.
Свет
(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.
⚡️ BREAKING: A drone struck Dubai International Airport
People in the city are being evacuated to underground parking lots. pic.twitter.com/EKpwLO37zu
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Градот беше евакуиран по инцидентот. Луѓето се засолнуваат во подземните паркинзи.
Dubai Airport after it was hit by Iranian drone strike.
Several people were injured. https://t.co/IutIoaHa3D pic.twitter.com/Qz7IfW3Xv7
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Како што пренесуваат странските медиуми има повредени лица.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.

