Свет
Изборите во Венецуела – референдум за популарноста на Чавез
Венецуеланскиот претседател Уго Чавез ќе се бори да ја задржи доминантната контрола врз конгресот на Венецуела на денешните избори, кои претставуваат критичен тест на неговата популарност во земјата, пишува Асошиејтед прес
Венецуеланскиот претседател Уго Чавез ќе се бори да ја задржи доминантната контрола врз конгресот на Венецуела на денешните избори, кои претставуваат критичен тест на неговата популарност во земјата, пишува Асошиејтед пресОпозицијата пред овие избори покрена одлучна кампања, во обид да го разбие монополот на моќ во националното собрание, за прв пат по речиси 12 години откако Чавез е на претседателската функција. Сојузниците на Чавез имаа речиси тотална контрола откако опозициските партии ги бојкотираа последните парламентарни избори во 2005 година поради сомневање во изборни измами. Ако опонентите на Чавез овој пат успеат да му го одземат барем двотретинското мнозинство, тие веќе ќе имаат сериозен удел во одлучувањето и ограничувањето на неговата неприкосновена моќ. Гласањето, исто така, се доживува како еден вод референдум за самиот Чавез, во пресрет на претседателските избори во 2012 година. Анкетите покажуваат дека тој и натаму е најпопуларен политичар во Венецуела. Сепак, истражувањата покажуваат и пад на неговата популарност во изминативе две години, откако восхитеноста од не го почна да исчезнува како што растеа проблемите, кои вклучуваат се посилниот криминал, лошо водените јавни сервиси и инфлацијата која во моментов достигнува дури 30 проценти. Чавез, пак, го опиша гласањето како избор помеѓу неговата социјалистички ориентирана партија „Боливарска револуција“ и „неранимајковците“ од опозицијата, кои се слуги на богатите и на непријателите на Чавез од САД. „Сакам овие избори да ги добијам со нокаут!“, и порача на загреаната публика Чавез во текот на финалниот митинг. Тој предупреди дека неговите непријатели ќе се обиделе да ги попречат напорите на неговата влада ако им се даде шанса.Во текот на кампањата, Чавез со гласачите се однесуваше како продавач, нудејќи им нови кредитни картички со ниски камати и апарати за домаќинство, како машини за перење и телевизори, по ниски цени. Опозициските кандидати ги нарекоа изборите клучна шанса да се добранат демократските принципи и слободата, тврдејќи дека националното собрание едноставно ги спроведува наредбите на Чавез кој, според нив, сакал земјата да ја однесе во марксизам. Венецуеланските гласачи и замеруваат на опозицијата дека единствена цел и е да влезе во парламентот за да создава опструкции и дека не понудила никаков план за иднината на земјата. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

