Свет
Ќе се бира партиски наследник на Ким Јонг Ли
Денеска ќе се одржи конгрес на севернокорејската владејачка партија, прв по 30 години, на кој се очекува да се одбере ново раководство.
Денеска ќе се одржи конгрес на севернокорејската владејачка партија, прв по 30 години, на кој се очекува да се одбере ново раководство.
Според предвидувањата на аналитичарите, се очекува дека за наследник на досегашниот претседател на партијата Ким Јонг Ли ќе биде прогласен неговиот најмлад син, Ким Џон Ун
Смените во Пјонгјанг не се вршат одеднаш. Претставувањето на новиот лидер е прв чекор во неговото вклучување во политичкиот живот и можат да поминат месеци, па дури и години додека да го замени сегашниот лидер.
Брзата смена може да се случи само ако дојде до нагло влошување на здравствената состојба на Ким Јонг-ил, кој според пишувањата на странскиот печат, претрпел два мозочни удара../крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

