Свет
Уште 16 мртви во ново свлечиште во Мексико
Најмалку 16 лица загинаа во уште едно лизгање на земјиште во јужно Мексико, додека мексиканските власти се борат да се справат со непогодите од невообичаено влажното време, јавува Асошиејтед прес
Најмалку 16 лица загинаа во уште едно лизгање на земјиште во јужно Мексико, додека мексиканските власти се борат да се справат со непогодите од невообичаено влажното време, јавува Асошиејтед прес.Свлечиштето ја погодило малата населба Аматан во сојузната држава Чиапас, при што уште 13 луѓе биле повредени. Во друга лавина од земја во соседна населба исчезнале три лица. „Постојат стравувања за уште свлечишта во Чиапас, Оаксака и во планинските предели во овој појас на југоистокот на земјата, бидејќи земјата е мека и пренатопена,“, вели Лаура Гурца, шеф на федералната Агенција за цивилна заштита и итни случаи. Пред два дена огромно свлечиште уби 11 лица во државата Оакскак, во градот Санта Марија, при што првично се веруваше дека има преку илјада загинати. Во оваа држава е прогласена опасност и од поплави по трите дена непрекинати врнежи од дожд.Малата заедница Санта Марија де Тлахуитолтепек што беше првата жртва на свлечиштата предизвикани од дождовите, брои 9.000 члена и се наоѓа високо во планините Сиера Норте и е позната по негувањето на својата домородна култура, особено музиката. Жителите говорат на локалниот јазик Миксе и се познати свирачи кои настапуваат ширум Мексико. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

