Свет
Во Ставропол најден автомобил бомба со 10 кгр тротил
Според првичните податоци, околу 10 килограми тротил се наоѓале во автомобил паркиран пред кафе-ресторан во Ставропол град на немирниот Северн Каваказ, јавуваат руските агенции повикувајќи се на извори од градската полициска управа
„Тешко е да се каже точно моќноста на експлозивниот материјал, но станува збор за десет килограми тротил“, рекол соговорникот на РИА Новости.Тринитротротуолот или тротил (ТНТ) е најраспространетиот бризантен експлозивен материјал. Има жолтеникава кристална структура со точка на топење на 80,35 степени Целзиусови (се топи во многу топла вода). Смртоносното дејство на еден килограм ТНТ е на повеќе од еден до три метра растојание а предизвикува смртоносни повреди но најчести се полесни повреди и до 11 метри оддалеченост од местото на експлозијата . Од утрово припадници на специјалните единици за деминирање го блокирале местото каде што бил паркиран автомобилот и работат на отстранување на експлозивот од кој дел е веќе отстранет, пренесува агенцијата Интерфакс во чија информација се додава дека во времето кога е откриен сомнителнито автомобил кафе-ресторанот бил преполн со гости а во близина поради опасност од експлозија биле евакуирани две згради и две училишта.Покрај тоа била спроведено и пребарување на гасоводните инсталации во центарот на градот и рпевентивно бил исклучен додтокот на глас за домаќинствата. Автомобилот полн со експлозив бил најден во Ставропол, во четврток наутро. ИТАР-ТАСС напоменува дека на местото каде бил откриен автомобилот бомба пред локалот „Глорија“ во центарот на градот се наоѓаат централите на трите најголеми такси-компании во Ставропол, но нема потврда дали експлозивот е пронајден во такси возило.Во мај годинава на сличен начин недалеку од истото место беше изведен терористички акт во кој загинаа шест а беа ранети 43 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.