Свет
Во Ставропол најден автомобил бомба со 10 килограми тротил

Според првичните податоци, околу 10 килограми тротил се наоѓале во автомобил паркиран пред кафе-ресторан во Ставропол на немирниот Северен Кавказ, јавуваат руските агенции повикувајќи се на извори од градската полициска управа.
Според првичните податоци, околу 10 килограми тротил се наоѓале во автомобил паркиран пред кафе-ресторан во Ставропол на немирниот Северен Кавказ, јавуваат руските агенции повикувајќи се на извори од градската полициска управа. „Тешко е да се каже точно колкава е моќноста на експлозивниот материјал, но станува збор за десет килограми тротил“, рекол соговорникот на РИА Новости. Од утрово припадници на специјалните единици за деминирање го блокирале местото каде што бил паркиран автомобилот и работат на отстранување на експлозивот од кој дел е веќе отстранет, пренесува агенцијата Интерфакс во чија информација се додава дека во времето кога е откриен сомнителниот автомобил кафе-ресторанот бил преполн со гости, а во близина поради опасност од експлозија биле евакуирани две згради и две училишта. Покрај тоа било спроведено и пребарување на гасоводните инсталации во центарот на градот и превентивно бил исклучен дотокот на гас за домаќинствата. Автомобилот полн со експлозив бил најден во Ставропол, утринава. ИТАР-ТАСС напоменува дека на местото каде бил откриен автомобилот бомба пред локалот „Глорија“ во центарот на градот се наоѓаат централите на трите најголеми такси-компании во Ставропол, но нема потврда дали експлозивот е пронајден во такси возило.Во мај годинава на сличен начин недалеку од истото место беше изведен терористички акт во кој загинаа шест а беа ранети 43 лица. Инаку еден килограм тринитротолуол или тротил (ТНТ) е најраспространетиот бризантен експлозивен материјал. Има жолтеникава кристална структура со точка на топење на 80,35 ° C (се топи во многу топла вода). Разорното дејство на еден килограм ТНТ е на повеќе од еден до три метри растојание, а предизвикува смртоносни повреди, но најчести се полесните повреди и до 11 метри оддалеченост од местото на експлозијата . /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција го врати полицискиот час

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.
Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.
Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.
Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.
Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани, 413.046, во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.
Регион
Србија досега вакцинираше 22.000 лица

Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.
Регион
Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години.
По вакцинацијата на здравствените работници, програмата за вакцинација на коронавирус влегува во фаза на инјектирање на првата доза врз општата популација.
100-годишен старец вчера доцна попладне беше вакциниран на островот Крит.
Андроникос Панталос беше еден од првите што учествуваше во програмата за вакцинација. Постариот човек се појавил во болницата со својата ќерка и бил вакциниран, јавуваат грчките медиуми.
До денес, 75.276 лица се вакцинирани во Грција.
Во петокот попладнето, заменик министерот за здравство Василис Контосаманис ја коментираше веста дека ќе се одложи снабдувањето со вакцини на Фајзер во Грција, како и низ цела ЕУ. Тој увери дека Грција има количини за да им ја обезбеди втората доза на оние кои веќе биле вакцинирани.
Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира