Свет
Латинска Америка го штити претседателот Кореа, вонредна состојба во Еквадор

Претседателот на Венецуела Уго Чавез ги повика народите од Алба, Анти-либералниот латиноамерикански блок и од Унасур, Унијата на јужноамерикански држави да го заштитат еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.
Претседателот на Венецуела Уго Чавез ги повика народите од Алба, Анти-либералниот латиноамерикански блок и од Унасур, Унијата на јужноамерикански држави да го заштитат еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.
Еквадорски полицајци кои -демонстрираат против намалување на работничките права, насилно влегоа во зградата на парламентот во Кито, пренесоа локалните медиуми.
Претседателот на земјата Рафаел Кореа се судри со најголемата криза во својата политичка кариера.
Портпаролот на парламентот изјави дека зградата била окупирана од полицајци – демонстранти против новиот закон со кој се намалуваат бонусите на платите.
Упадот на парламентот следеше по протестите по улиците во неколку други градови во Јужноамериканската земја.
Во меѓувреме, армијата ја окупираше патеката на главниот меѓународен аеродром во главниот град Кито , има прекин на летовите и прогласена е вонредна состојба во земјата.
Организацијата на американските држави (ОАС) свика вонредна седница за да биде решена ситуацијата во Еквадор, соопшти панамериканската организација во соопштението.
Состанокот на постојаниот совет на ОАС треба да се одржи во Вашингтон.
Претседателот на Перу , Алан Гарсија нареди затворање на границите со соседен Еквадор и предложи Самит на јужноамерикански држави од Унасур за поддршка на претседателот Кореа.
Самиот Кореа го отфрли “обидот за удар” врз неговата влада и плашејќи се за својот живот побара засолниште во болница.
„Ова е обид за удар, предводен од опозицијата и од некои делови на вооружените сили и полицијата”, рече Кореа пред локална телевизија. /крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член на екипажот бил убиен. Според официјалните владини податоци, врз основа на списокот на членови на екипажот доставен до „Ројтерс“, мртвиот човек е од Азербејџан, а морнари од Турција биле киднапирани.
Бродот со знаме на Либерија пловел од Лагос до Кејптаун кога бил нападнат во Гвинејскиот Залив во југозападна Африка. Екипажот, членовите на нивните семејства и разузнавачки извори го опишуваат нападот како внимателно испланиран и добро организиран, во кој вооружени пирати се качиле на бродот и, најверојатно, употребиле експлозив. По нападот, капетанот продолжил да управува со бродот слепо бидејќи сите команди биле оштетени и работел само радарот, како што објави турската новинска агенција „Анадолија“. Тој и уште неколкумина морнари биле претепани од пиратите, а повеќе членови на екипажот, кои останале на бродот, завршиле со повреди, според капетанот.
Турските медиуми се повикаа на објавата на компанијата „Боден“, со седиште во Истанбул, која е сопственик на бродот, а во која се наведува дека сопствениците и операторите на бродот биле киднапирани со употреба на оружје. Компанијата не беше достапна за коментар, според Си-ен-ен.
Кабинетот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера објави дека е организирана акција за спасување на киднапираните морнари. Турското Министерство за надворешни работи објави дека пиратите не се обиделе да стапат во контакт со Анкара.
Пиратите во Гвинејскиот Залив киднапираа 130 морнари во 22 инцидента минатата година, а последниот што се случи на „Моцарт“ може да доведе до меѓународен притисок врз Нигерија за зголемување на безбедноста на бродовите во нејзините води, како што беше побарано во последните неколку недели.
Регион
Подгорица: татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.
Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.
По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.
Свет
„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа фармацевтска компанија. Како што пренесува Би-би-си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата произведени како резултат на вакцината препознаваат и се борат против новите соеви на вирусот.
Но, потребни се повеќе студии за да се докаже дека ова е вистина, особено за луѓето што веќе биле вакцинирани. Новите соеви на коронавирусот се шират побргу во голем број земји и мутираат, што значи дека може полесно да ги заразат луѓето отколку оригиналната верзија на коронавирусот. Експертите проценуваат дека сојот на вирусот во Велика Британија, кој се појавил во септември, е можеби и до 70 проценти позаразен.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот