Свет
Универзалката бара 800.000 евра
Оваа сала која најмногу работи доходовно, Ристо Пенов ја побара да падне под надлежност на Градот, ама за нејзина реконструкција се бараат пари и од Министерството за култура.
ИНВЕСТИЦИОНИ ЗАФАТИ ВО КУЛТУРАТА
Оваа сала која најмногу работи доходовно, Ристо Пенов ја побара да падне под надлежност на Градот, ама за нејзина реконструкција се бараат пари и од Министерството за култура.
Универзалната сала како институција од локален интерес, меѓу другото, и комерцијален објект, за најавеното реновирање, покрај парите од Градот, од донации, средства ќе добие и од државата. Така беше најавено пред локалните избори. Половина од парите од предвидените за реконструкција на единствениот поголем објект за музичко-сценски настапи, беа одобрени од Собранието на Скопје. Тоа се околу 400.000 евра, според проектот кој ќе чини безмалку 800.000 евра. В.д. директорот на Универзалката Гоце Димовски вели дека пари за Универзалката побарал и од неколку амбасади овде во Македонија, а засега има одговор од италијанската амбасада која потврдила дека ќе донира пари. Димовски не кажа колку пари ќе влезат во Универзалката од италијанската амбасада. Ама дополни: “Доколку и тогаш недостигаат пари, остатокот ќе го покријат Министерството за култура и Универзална сала со свои пари”. Да потсетиме, министерот за култура Благоја Стефановски само што Гоце Димовски го именува за в.д на Универзалката, веднаш му префрли пари за адаптирање и на театарска сцена што ја нарекоа “Сцена потковица”.
Проектот за реконструкција на салата е дело на две проектантски бироа, “Рау Г” на Ленка Маневска и “Китновски” на Ангел Китновски.
Гоце Димовски најавува: “Реконструкцијата ќе се одвива во две фази. Првата ќе чини 560.000 евра и во таа фаза ќе се обноват гардеробите, тоалетите, ќе се спушти плафонот во холот. Однадвор просторот ќе се прошири за 6 метри напред каде што ќе се смести билетарницата и по пет метри од страните. Во оваа фаза салата ќе се прошири за 250 седишта, со што вкупниот број на седишта ќе изнесува 1.800”. Димовски најавува дел од парите добиени за Универзалка да се потрошат и за градење кафулиња.
Тендерот за овој проект ќе се распише идниот месец, а веќе во јуни треба да почне реконструкцијата, а во септември да заврши.
Во втората фаза, според проектот, ќе се градела и концертна сала со 300 седишта и катна гаража со 300 паркинг-места. Катната гаража би требало да има 600 паркинг-места. Само што во моментов локацијата што Димовски ја најавува за катна гаража веќе не е на Универзалка, зашто “ни се одзеде половината. Најверојатно, Министерството за транспорт и врски ја продала некому, не знаеме, кому. Не знае ниту Ристо Пенов ниту министерот за култура Благоја Стефановски”.
Универзалната сала, која е една од најдоходовните сали која и натаму е финансирана од Министерството за култура, министреот Стефановски му ја даде во надлежност на Скопје, и тоа по барање на Пенов кога се правеше шемата на институциите од национален интерес. Пари од Министерството за култура Универзалката ќе зема и во преодниов период од две години, кога комплетно ќе профункционира децентрализацијата и во културата. А директорот на Универзалната веќе не го избира министерот за култура туку градоначалникот на Скопје. На Гоце Димовски одамна му е поминат в.д мандатот, дали ќе остане за директор, ќе завиди од градоначалникот. Кој и да е. Во промотивната изборна програма на Пенов за нови зафати беше и Универзалката. (Б.Несторовска.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

