Свет
Петмина милитанти убиени во Дагестан, од кои две жени
Во текот на две операции на руските спeцијалци вчера на подрачјето од главниот град на Дагестан, убиени се пет милитанти, од кои две жени, изјавил за ИТАР-ТАСС претставник на Националниот антитерористички комитет ( НАК).
Во текот на две операции на руските спeцијалци вчера на подрачјето од главниот град на Дагестан, убиени се пет милитанти, од кои две жени, изјавил за ИТАР-ТАСС претставник на Националниот антитерористички комитет ( НАК). Како што пренесува агенцијата акциите биле завршени во саботата во доцните попладневни часови. Покрај петтемина ликвидирани, во акцијата биле ранети уште четворица припадници на групата која руските специјални сили ги гонеле како припадници на субверзивно-терористичка група. „Нивниот идентитет се уште се утврдува“, рекол соговорникот на ИТАР-ТАСС. Полициските истражители во недела продолжиле со истрагата на објектите во кои биле забарикадирани милитантите, а биле присутни и припадници на единиците за деминирање, дознава агенцијата. Групата од десетина членови била забарикадирана во две петкатници во населба во Махачкале и на повикот да се предадат отвориле оган при што биле употребени и рачни гранати. Од оганот на милитантите полесно биле ранети две цивилни лица. Полициски извори соопштиле дека во акцијата немало повредени полицајци./крај/итта/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Откриена „вистинската причина“ зошто Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп
Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, а откако почнаа гласините за развод со Барак, американските таблоиди излегоа со, како што велат, „вистинските причини“. Според изворите, Мишел е решена да остане доследна на своите верувања и да не учествува во настани кои не се во согласност со нејзините вредности.
Така, таа нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп бидејќи тоа би било во спротивност со нејзините верувања.
Оваа одлука е во спротивност со неодамнешните напори на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, кој се обидува да покаже единство на различни начини. Барак неодамна беше виден на погребот на поранешниот претседател Џими Картер како срдечно разговара со Трамп, а моментот на нивниот близок разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Извор близок до Мишел изјави за „Пејџ Сикс“ дека поранешната прва дама нема потреба да биде присутна на инаугурацијата или да одржува површни односи со Трамп. „Мишел никогаш не била неискрена или површна. Секогаш внимавала каде се појавува и зошто. Нејзиното отсуство на инаугурацијата јасно кажува се што треба да се каже”, рекол изворот.
Поранешната прва дама е позната по своите отворени ставови, а нејзината одлука да не присуствува на овој настан натера многумина да се запрашаат – што вели ова за нејзиниот сопруг, кој се труди да одржи пристојни и срдечни односи со Трамп и покрај нивните политички разлики?
Трампови не присуствуваа на инаугурацијата на Џо Бајден во 2021 година, со што ја прекинаа традицијата поранешните претседатели и нивните сопружници да учествуваат на церемониите за инаугурација на нивните наследници, дури и кога припаѓаат на спротивната политичка партија.
Барак Обама е потврден како учесник на овогодинешната инаугурација, додека Мишел реши да не се оправдува за своето отсуство. Претходно, нејзиното отсуство од погребот на Картер беше образложено со „конфликт за распоред“, но во овој случај не беше наведена официјална причина.
Свет
Кинескиот потпретседател пристигнува на инаугурацијата на Трамп
Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, објавија кинеските државни новински агенции, додека Пекинг изрази подготвеност да ги подобри односите со новата американска администрација.
Хан доаѓа на покана на американската страна, објави кинеската национална телевизија.
„Подготвени сме да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата со новата американска влада, правилно да управуваме со разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка и заеднички да промовираме стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи“, соопшти кинеската централна телевизија (CCTV).
„Кина отсекогаш гледала и ги развивала кинеско-американските односи во согласност со принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни.
Кина е подготвена да „најде правилен начин Кина и Соединетите Држави да се сложуваат во новата ера“, соопшти CCTV.
Трамп на 6 јануари рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг комуницираат преку претставници, изразувајќи оптимизам за нивната врска.
Регион
(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица
Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор, по вооружениот напад во Цетиње во кој загинаа 13 лица.
Podgorica koju volim(o). pic.twitter.com/vfLd0RW1vA
— Milan Jovanović (@imilanjovanovic) January 16, 2025
Протестот, втор по масакрот во Цетиње, го организира неформалната студентска група „Камо сутра“, а покрај барањата за оставки од министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот задолжен за безбедност Алекса Бечиќ, тие исто така бараат поажуриран пристап кон поседувањето оружје, реформа на полициските структури, враќање на граѓанското образование и подобрување на институционалниот пристап до грижа за менталното здравје.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Демонстрантите извикуваа „убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Оставка е минимална одговорност“, „Нормален живот? и слично.
Протестите претходно беа поддржани од стотици универзитетски професори, културни и спортски работници и новинари.
Podgorica ✨️ pic.twitter.com/mNIFsAkV2M
— Kaća Ivanović 🇲🇪 (@Kaca__Ivanovic) January 16, 2025
Откако ги изнесоа своите барања пред Министерството за внатрешни работи, демонстрантите се упатија кон зградата на црногорската влада каде повикаа на 13-минутно молчење за да оддадат на 13-те жртви во трагедијата во Цетиње.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица, од кои едното подоцна почина во болница.