Контакт

Свет

Во Индонезија осуден сериски убиец на четири деца

Објавено пред

Судот во Индонезија го осуди на доживотен затвор 50-годишниот Баикуни за убиство и сакатење на четири улични деца, пренесува Асошиејтед прес.

dobivaj vesti na viber

Судот во Индонезија го осуди на доживотен затвор 50-годишниот Баикуни за убиство и сакатење на четири улични деца, пренесува Асошиејтед прес.Баикуни беше уапсен во јануари годинава, неколку дена откако накажаните делови на телото на едно деветгодишно дете беа пронајдени во пластична кеса во река во престолнината Џакарта. Судот го прогласи Баикуни за виновен за убиството и накажењето на четири деца од 2007 година до неговото апсење. Сите деца била на возраст меѓу шест и 12 години.Обвинителите тврдеа дека, Баикуни, кој како и многумина Индонезијци употребува само едно име, убил дури 14 деца.Тој на улиците на Џакарта бил познат како „тате“ затоа што се сметало дека има „меко срце“ за децата. Баикуни честопати ги носел уличните деца дома и им давал храна и засолниште.Баикуни нема да ја обжали пресудата. /крај/ап/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Орбан: Го почитувам Зеленски, но мислам дека направи грешки

Објавено пред

Од

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за полскиот телевизиски канал wPolsce24 изјави дека се обидува да се однесува со почит кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Орбан го нарече конфликтот во Украина „војна меѓу Западот и Русија“. Тој верува дека војната нема да заврши без средба меѓу лидерите на двете спротивставени страни, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Тој нагласи дека се води од принципот на почит во меѓународните односи, кој важи и за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украинците го избраа. Секогаш се обидувам да се однесувам правилно, што е неопходно ако сакате да имате добри односи со некого. Затоа го почитувам претседателот Зеленски, но мислам дека направи грешки“, додаде унгарскиот премиер.

Тој тврди дека една од тие грешки била отфрлањето на неговата понуда за мир минатата година.

„Зеленски потоа го отфрли моето мислење дека времето е на страната на Русија, но денес го имаме она што го имаме. Ситуацијата на претседателот Зеленски не е лесна. Многу е тешко да се обединат луѓето во безнадежна војна“, тврдеше Орбан.

Односите меѓу Киев и Будимпешта се напнати во последните месеци. Унгарија го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија. Покрај тоа, новиот нацрт-буџет на ЕУ предизвика негодување во Унгарија. Главниот проблем за Унгарците е што буџетот вклучува над 100 милијарди евра за Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Објавено пред

Од

Канада има намера да ја признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни, зголемувајќи го притисокот врз израелската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека хуманитарната криза во Газа се влошува.

dobivaj vesti na viber

Карни им рече на новинарите дека планираниот потег се базира на посветеноста на Палестинската самоуправа да спроведе реформи, вклучително и сеопфатни промени во управувањето и одржување општи избори во 2026 година во кои Хамас „не може да има никаква улога“.

Канада долго време тврдеше дека ќе ја признае палестинската држава само по завршувањето на мировните преговори со Израел. Но, Карни рече дека реалноста на терен, вклучително и гладот на граѓаните во Газа, значи дека „перспективата за палестинска држава буквално исчезнува пред нашите очи“.

Објавата дојде откако Франција минатата недела објави дека ќе признае палестинска држава и еден ден откако Велика Британија изјави дека ќе го стори истото на Генералното собрание на Обединетите нации доколку борбите во Газа, дел од палестинските територии под израелска окупација, не завршат дотогаш.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Камења паѓаат, животни бегаат во водата: блогер објави видео во моментот на разорниот земјотрес

Објавено пред

Додека разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени ја погоди Камчатка, туристот и блогер Иван Герасименко се најде на експедициски брод во непосредна близина на епицентарот. Според него, сè се случило ненадејно и драматично – масивни камења почнале да паѓаат од стрмните карпи, а животните реагирале во паника.

dobivaj vesti na viber

„Земјотресот ме затекна во близина на островот Парамушир додека пловевме по малиот остров Анциферов на експедициски бродови од типот Зодијак“, напиша Герасименко на социјалните мрежи, а објави и видео снимено во тој момент.

Според неговиот опис, масивните камења почнале да се кршат и да паѓаат во морето, предизвикувајќи општа паника кај екипажот, патниците, па дури и кај животните во областа.

„Камењата летаа со таков шум што дури и морските лавови скокнаа во водата и долго време кружеа околу Охотското Море од страв“, напиша тој, пренесува Dnevnik.hr.

Блогерот истакна дека сите патници биле потресени.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 150 километри од местото каде што се наоѓал бродот во моментот на ударот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет51 минута

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Македонија12 часа

Повторно се разгоре на Готен, шест пожари активни во државата

Денес попладне повторно се разгоре пожарот над селото Подареш на планината Готен од радовишка страна, информира директорот на ДЗС, Стојанче...

Свет13 часа

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“, туристите заглавени

Сите летови на главните аеродроми во Велика Британија се приземјени поради „откажување на радарот“ на контролата на воздушниот сообраќај. Илјадници...

Топ14 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија15 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ17 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија17 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија20 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија20 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет21 час

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија21 час

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ22 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет23 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет1 ден

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија1 ден

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија1 ден

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...