Свет
САД и Ј. Кореја се подготвени за промените во врвот на С. Кореја

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс истакна дека сојузништвото со Јужна Кореја никогаш не било толку силно како сега во периодот на транзицијата на власта во Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс истакна дека сојузништвото со Јужна Кореја никогаш не било толку силно како сега во периодот на транзицијата на власта во Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес
Претходно, висок севернокорејски функционер за телевизиската мрежа АПТН потврди дека најмладиот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, Ким Јонг Ун и официјално е новиот лидер на последниот тврдокорно комунистички бастион на светот.
На заедничката прес конференција со својот јужнокорејски колега, Ким Тае-јунг, Гејтс рече дека останува да се види дали промената во политичкиот врв на Северна Кореја ќе донесе промена во однесувањето на власта на оваа земја. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп – Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека многу елементи од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.