Свет
Саркози ќе се соочи со најголемите штрајкови до сега

Францускиот претседател Никола Саркози се соочува со најголемите штрајкови до сега во неговата повеќемесечна борба да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години, јавува Асошиејтед прес.
Францускиот претседател Никола Саркози се соочува со најголемите штрајкови до сега во неговата повеќемесечна борба да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години, јавува Асошиејтед прес.Синдикатите најавија дека штрајковите, кои ќе започнат денеска, ќе имаат отворена временска одредница за нивно завршување, за разлика од претходните, за кои беше однапред одредено кога ќе почнат и кога ќе завршат. Некои синдикати најавија дека ќе станат во штрајк се додека не го присилат непопуларниот Саркози да се премисли во врска со пензиските реформи. Во пресрет на штрајковите, воздушните власти вчера ги предупредија авиокомпаниите да откажат барем 30 процент од летовите од и кон парискиот аеродром „Шарл де Гол“ и 50 проценти од аеродромот „Орли“. Поради очекуван недостиг од персонал.Францускиот парламент веќе ги усвои мерките за зголемување на возраста за пензионирање на 62 години, додека сенатот се уште дебатира за реформите во целост. /крај/ап/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.
Свет
Ница ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер вечерва ја погоди областа во близина на францускиот град Ница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на 16 километри северно од Ница, каде живеат околу 340.000 жители, додава EMSC.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.