Свет
Иранските власти ги напаѓаат умерените
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи издаде декрет со кој се отвора патот за државно преземање на најголемиот приватен универзитет во земјата, со што им нанесе уништувачки удар на умерените политичари во земјата, пренесува Асошиејтед прес
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи издаде декрет со кој се отвора патот за државно преземање на најголемиот приватен универзитет во земјата, со што им нанесе уништувачки удар на умерените политичари во земјата, пренесува Асошиејтед прес
Исламскиот универзитет „Асад“ е центарот на моќта на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, прагматичар и клучен поддржувач на умерените ирански политичари. Институцијата, која е основана во 1982 година беше главното место на протестите на опозицијата против спорните претседателски избори во 2009 година, во кои повторно победи Махмуд Ахмадинеџад.
Ајатолахот Камнеи во декретот ја прогласи оставнината на универзитетот, со која тој опстојува како независен, за верски нелегитимни и со тоа неважечка. Оставнината или вак’фот во Фарси беше основана во 2009 година непосредно по спорните избори, за да се сочува независноста на универзитетот од се помоќните тврдокорни политичари во власта.
Универзитетот, кој има повеќе од 1,3 милиони студенти во 350 ограноци ширум земјата, му дозволи на опозицискиот кандидат Мир Хусеин Мусави неограничен и слободен пристап до огромните ресурси на универзитетот во текот на неговата предизборна кампања, со што му овозможи пристап д гласачите низ целата земја. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

