Свет
Расте ксенофобијата во Германија

Германското општество се повеќе се радикализира и тоа во насока на десниот политички спектар, покажуваат резултатите од истражувањето на организацијата „Фридрих Еберт“, објавени денеска.
Германското општество се повеќе се радикализира и тоа во насока на десниот политички спектар, покажуваат резултатите од истражувањето на организацијата „Фридрих Еберт“, објавени денеска.
35,6 проценти од испитаните граѓани сметаат дека Германија во „опасна мерка“ е преоптоварена со странци, додека 30 отсто сметаат дека странците во Германија доаѓаат за да го искористат нејзиниот социјален состав. Исто толкав процент смета дека во недостаток на работни места странците би требало да се враќаат во земјите од кои дошле.
Студијата покажува пораст на десно-конзервативните, но и на ксенофобичните погледи на светот во споредба со последното истражување направено во 2008 година.Додека пред две години околу петина од испитаниците се сместиле себеси во групата ксенофоби, годинешната студија покажува дека генерално кон странците негативно е настроена речиси четвртина од нацијата.Висок процент, речиси 60 отсто, сметаат дека на муслиманите во Германија треба да им се ограничи изведувањето на верски ритуали.
Портпаролот на сојузната владата на ангела Меркел, Штефан Сајберт, резултатите од истражувањето ги окарактеризирал како „прилично застрашувачки“.
И за аналитичарите резултатите се застрашувачки, го истакнуваат фактот што анкетата е спроведена минатата пролет или пред големата општествена дискусија за емигрантската политика која летово се разгоре во Германија и допринесе за продлабочување на јазот меѓу доселениците, особено тие од муслиманска вероисповед и домашното население./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.