Свет
САД и Израел ја оценија посетата на Ахмадинеџад на Либан за „провокативна“
САД и Израел ја осудија „провокативната“ посета на иранскиот претседател махмуд Ахмадинеџад на Либан, кој денеска во Бејрут беше пречекан како јунак, пренесуваат агенциите.
САД и Израел ја осудија „провокативната“ посета на иранскиот претседател махмуд Ахмадинеџад на Либан, кој денеска во Бејрут беше пречекан како јунак, пренесуваат агенциите.
„Тој продолжува со провокативните настапи и истовремено ја води својата земја кон економски пропаст што е последица од меѓународните санкции поради неговото делување“, соопштила Белата куќа, пренесува Ројтерс.
Неговата посета на Либан, сметаат САД, исто така покажува дека Хезболах му е поверен на Иран отколку на Либан.Израел оцени дека посетата на ахмадинеџад значи продолжување на процесот на претварање на Либан во ирански клиент“, наведува Франс Прес.
„Либан на овој начин се приклучи кон осовината на екстремистичките земји кои се противат на мирот и го поддржуваат тероризмот“, изјавил висок претставник на израелската влада кој сакал да остане анонимен.
Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Јигал Палмор, посетата ја нарекол „провокативен и дестабилизирачки чин./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лукас: Половина Србија се дружи со Ориќ, нема да остапам ни милиметар пред Додик
Српскиот пејач, Аца Лукас изјави дека доживеал неравда по објавената фотографија со Насер Ориќ и дека „нема да отстапи ниту милиметар“ пред Милорад Додик, кој му го забранил концертот на Јахорина.
За „Аваз.тв“ кажа дека фотографијата погрешно се толкува и дека прв пат го видел Ориќ. Лукас истакна дека не знае дали концертот во Сараево му бил забранет поради неговата претходна поддршка на Додик, додавајќи дека „половина Србија и Република Српска се дружат со Ориќ“.
Откако Олимпискиот центар Јахорина официјално го откажа неговиот настап, Додик изјави дека Лукас „го изгубил кредибилитетот за секое идно гостување во РС“. Лукас му возврати дека тој не барал поддршка од Додик, туку обратно, и дека повторно ќе настапува на Јахорина.
Пејачот нагласи дека нема намера да се извинува за нешто што, според него, е преголема реакција и пример за двојни аршини.
Тој додаде дека не бил свесен кој седел до него кога е направена фотографијата и дека не сака да прави поделби по национална основа, туку „луѓето ги дели на добри и лоши“.
Лукас оцени дека целата ситуација е политички мотивирана, дека никого не навредил и најави правни чекори поради забраната за настапот.
Свет
Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини
Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и актуелен ректор на Колеџот на Европа, Федерика Могерини, е приведена како дел од истрагата на Европското обвинителство за можна измама во врска со академијата финансирана од ЕУ за млади дипломати, објавуваат белгиските медиуми.
Европското јавно обвинителствопретходно денес објави дека предмет на истрагата е Дипломатската академија на ЕУ, деветмесечна програма за обука на млади дипломати во земјите-членки, која Колеџот на Европа ја доби на тендерот на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) во 2021 и 2022 година.
Обвинителството истражува дали ЕЕАС ги прекршила правилата за тендер со споделување доверливи информации со Колеџот пред да му биде доделен проектот.
Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Могерини, е приведена на сослушување, потврдија судски извори за белгискиот весник „Стандард“.
Меѓу уапсените е и Стефано Санино, генерален директор на одделот на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и земјите од Заливот, кој беше генерален секретар на ЕЕАС за време на мандатот на Могерини, објавува „Белга“.
Белгиската полиција денес ги претресе канцелариите на ЕЕАС во Брисел, просториите на Колеџот на Европа во Бриж, кој добива средства од ЕУ, како и приватни домови во Белгија, вклучувајќи ја и приватната резиденција на Могерини во Бриж.
Могерини ја предводеше ЕЕАС од 2014 до 2019 година. Од 2020 година, таа е ректор на Колеџот на Европа, а беше избрана и за директорка на Дипломатската академија на ЕУ.
Свет
Ирак ги повика американските компании да го заменат „Лукоил“
Ирачкото министерство за нафта соопшти дека ги поканило американските компании да поднесат понуди за купување на мнозинскиот удел во нафтното поле Западна Курна 2, со кој моментално управува рускиот „Лукоил“. Победникот на тендерот ќе го замени „Лукоил“ како оператор.
Според изворите, ExxonMobil веќе сигнализирал интерес, а интерес покажуваат и BP, TotalEnergies и кинески компании како PetroChina, која управува со соседното поле Западна Курна 1.
„Лукоил“ има 75% од уделот во Западна Курна 2, а остатокот го контролира ирачката државна компанија South Oil Company. По американските санкции воведени во октомври, „Лукоил“ одлучи да го продаде својот странски имот.
Ирак не планира сам да го купи уделот бидејќи проектот е премногу голем за државните компании. Меѓу потенцијалните купувачи се споменуваат и IHC (ОАЕ) и американскиот инвестициски фонд Carlyle, додека швајцарскиот Gunvor се повлекол поради американските регулативи.
Санкциите ја отежнале исплатата на платите и трансферот на пари од „Лукоил“ во Ирак, па владата привремено исплатила заостанати плати за да ја задржи стабилната работа во полето, кое произведува околу 460.000–480.000 барели дневно.
Западна Курна 2 е од клучно значење за Ирак, кој извезува 3,4 милиони барели дневно, а нафтата носи 90% од буџетските приходи на земјата. Производството од ова поле сочинува 0,5% од глобалното производство на нафта.

