Свет
Уште 16 чилеански рудари чекаат да бидат извлечени
Спасителите на површината го извлекле и 17-от рудар, а под земјата остануваат уште 16 негови колеги, пренесува вечерва Assocaited Press.
Спасителите на површината го извлекле и 17-от рудар, а под земјата остануваат уште 16 негови колеги, пренесува вечерва Assocaited Press.
Седумнаесеттиот спасен рудар е Омар Рејегадас, а пред него бил извлечен и 48-годишниот Даниел Ерера.Рударите беа заробени на длабочината од 700 метри по несреќата во малиот рудник кој се наоѓа на 50 километри од чилеанскиот град Копиапо. Во окното под земјата останаа 32 чилеански и еден боливиски рудар.
Спасувачката операција ја следат претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, семејствата и роднините на рударите, како и повеќе од 1.500 новинари. Денеска во рудникот дојде и боливискиот претседател Ево Моралес, кој сака лично да го одведе во престолнината Ла Паз боливискиот рудар Карлос Мамани.
Спасувачката операција која латиноамериканските медиуми ја нарекуваат „херојска“ и „историска“, започна во вчера. Откако беше пробиен тесен тунел до рударите со специјалната капсула „Феникс“, со која беше направен целосен увид на системот. Сепак, почетокот на операцијата беше изменет од првичниот план и откако спасувачите им дадоа некои инструкции на рударите, беше извлечен првиот рудар Флоренцио Авалос.
Според спасувачите, операцијата може да потрае и подолго од предвиденото, бидејќи во зависност од растот на човекот, неговото извлекување со „Феникс“ може да потрае и повеќе од еден час. Според планот за извлекување кој е направен според здравствената состојба на рударите, последен ќе биде извлечен водачот на смената Луис Урсу./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

