Свет
Стота жртва од епидемијата на беснило на Бали

Бројот на луѓе починати од беснило добиено од куче скитник на индонезискиот остров Бали, денеска достигна до сто.
Бројот на луѓе починати од беснило добиено од куче скитник на индонезискиот остров Бали, денеска достигна до сто.
Последната жртва е 40 годишен жител на Бали кој починал минатата ноќ, хоспитализиран со симптоми на беснило, изјавил лекарот кој ја следи епидемијата.
Бали, индонезискиот остров со околу 3 милиони жители, е еден од најпознатите туристички центри во Азија, а со беснилото се бори повеќе од две години.
Некои земји ги предупредуваат своите граѓани кои патуваат на Бали претходно да се вакцинираат од беснило и да внимаваат на кучињата кои на „рајскиот остров“ талкаат по песочните плажи. Локалните власти усмртиле околу 200 илјади кучиња скитници, со објаснување дека не можат да ја платат вакцинацијата од беснило. крај/бета/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.
Тој додаде дека нападите биле спектакуларен воен успех и дека клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран мора да се согласи на мир сега, што претходно го кажа во објава на неговата социјална мрежа „Тру соушал“.
„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп во обраќањето до јавноста.
Тој додаде: „Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена. Запомнете, остануваат уште многу голови“.
Трамп и се заблагодари на израелската армија и ги пофали американските пилоти: „Светот со децении нема видено ваква операција“
Американскиот претседател рече дека САД и Израел работеле како тим. Тој ѝ се заблагодари на израелската армија за, како што рече, „одлична работа“, а посебно ги пофали американските пилоти и војници кои учествуваа во нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Сакам да и’ се заблагодарам на израелската војска за прекрасната работа што ја направија, и уште поважно, сакам да им честитам на големите американски патриоти кои ги пилотираа тие прекрасни машини вечерва, како и на целата американска војска за операцијата каква што светот не видел многу, многу децении“, рече Трамп во обраќањето до нацијата.
Тој додаде дека ниту една армија во светот не можела да го направи тоа што го направија САД таа вечер и го пофали врвот на американската команда.
„Исто така, сакам да му честитам на претседателот на Здружениот Генералштаб, генерал Ден „Разин“ Кејн, спектакуларен командант и на сите брилијантни воени умови вклучени во овој напад“.
Свет
Нетанјаху: Одлуката на Трамп за нападот врз Иран ќе ја промени историјата
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата рано наутро изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги нападне иранските нуклеарни постројки „ќе ја промени историјата“.
„Честитки, претседателе Трамп. Вашата храбра одлука да ги гаѓате иранските нуклеарни постројки со сила која е и моќна и праведна – ќе го промени текот на историјата“, рече Нетанјаху во видео изјава.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД извршиле воздушни напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки: Фордо, Исфахан и Натанц.
Свет
САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Есфахан.
„Го завршивме нашиот многу успешен напад на три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Есфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа доцна синоќа.
Тој, исто така напиша и дека ова е историски момент за Соединетите Американски Држави, Израел и целиот свет. Иран сега мора да се согласи да стави крај на оваа војна, додаде Трамп.
Дополнително се закани со дополнителни напади врз Иран доколку Техеран не се согласи на итен мир со Израел.
Во кус телефонски разговор за агенцијата Ројтерс, Трамп ги нарече американските напади врз иранските нуклеарни постројки „неверојатен успех“.
„Тие треба веднаш да се согласат на мир. Веднаш да престанат. Во спротивно, повторно ќе бидат погодени“, рече Трамп.