Свет
Доживотен затвор за таткото кој си ги уби трите сина

Австралиецот Роберт Феркјухарсон денеска е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на тројцата синови во 2005 година на Денот на татковците, пренесе Асошиејтед прес.
Австралиецот Роберт Феркјухарсон денеска е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на тројцата синови во 2005 година на Денот на татковците, пренесе Асошиејтед прес.
Феркјухарсон е осуден бидејќи возилото во кое се наоѓале неговите синови на две, седум и десетгодишна возраст , го насочил кон резервоарот на браната во Винчелси.
Тој успеал да излезе од автомобилот , додека неговите деца кои биле врзани со сигурносните појаси , останале во колата и се удавиле.
Осудениот Феркјухарсон негирал дека намерно го сторил ова убиство , правдајќи се дека изгубил контрола над возилото бидејќи се гушел од силна кашлица.
Судот му одредил доживотна казна затвор „за изложување на децата на ужасна смрт и уништување на животите на неговите најблиски поради ова дело“/крај/ап/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.
„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.
Свет
Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.
Свет
Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.
Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.
Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.
Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.
Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда.