Свет
Топ десет најдобри јавни превози во светот
Јавниот превоз е клуч за успешно решение за сообраќајот во поголемите градови. Сајтот Аскмен (AskMen) направи селекција на десетте најдобри јавни превози во светот.
Јавниот превоз е клуч за успешно решение за сообраќајот во поголемите градови. Сајтот Аскмен (AskMen) направи селекција на десетте најдобри јавни превози во светот.
Според сајтот на прво место се наоѓа токиската подземна железница „Метрополитен“ која превезува осум милиони патници дневно а железницата е долга 27.270 километри.
На второто место се најде московското метро долго 293 километри и превезува 7,5 милиони патници во текот на еден ден.
Третата позиција му припадна на метрото во Тајпеј во Тајван кое се смета за едно од најскапите во светот. По него, на четвртото место се наоѓаат шангајското метро во Кина кое беше отворено во 1995 година и „Тјуб“ метрото во Лондон долго 400 километри.
На петтата позиција, според сајтот, е „Метрополитен“ метрото во Сеул, Јужна Кореја. Ова метро е познато по тоа што во него патниците се најдобро третирани. На патниците им се достапни редовни известување на ЛЕД екрани и имаат во метрото безжичен интернет.
Шестото место му припадна на „Метрополитен“ метрото во Франција а системот го користат 4,5 милиони луѓе дневно. Седмото место е обезбедено за метрото во Њујорк.
Потоа, до десетата позиција следат хонконшкото метро МТР, метрото У-Бан во Берлин и тоа во Копенхаген, Данска.
Почесно место на листата доби најиновативниот систем на јавен превоз кој е спроведен во Протланд, Орегон. Системот го чинат автобуси, лесна железница, трамваи и жичарници. Автобусите се познати по нивната точност, а превопзот во централната градска зона е бесплатен./крај/смед/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви
Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при што загинале две лица, објави Ројтерс. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со ова соопштение потврди продолжување на кампањата насочена кон запирање на протокот на дрога во САД.
On Feb. 9, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known narco-trafficking… pic.twitter.com/fa5vppjcCy
— U.S. Southern Command (@Southcom) February 10, 2026
Помош од Еквадор
Според американската администрација, овој нападнат брод бил вклучен и во шверц со дрога. Во соопштението се додава дека американската војска имала и техничка поддршка од еквадорскиот центар за координација на поморското спасување.
До крајот на минатата година, американската војска убила речиси стотина луѓе кои, според нив, шверцувале дрога преку водни патишта, додека нападите врз бродови донекаде се намалиле во 2026 година.
Свет
Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.
Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.
Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.
Свет
Маск: САД 1.000 посто ќе банкротираат без вештачка интелигенција и роботи
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“
Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат околу еден билион долари годишно, што веќе го надминува воениот буџет.
Маск објасни дека неговата поддршка за кратење на државната потрошувачка, додека го водел Одделот за ефикасност на владата (DOGE), имала цел да се забави „неодржливата фискална траекторија“ и да се добие време додека новите технологии го поттикнат економскиот раст.
Тој предупреди дека масовната автоматизација може да доведе и до силна дефлација, бидејќи производството на добра и услуги би растело побрзо од паричната маса.
Сепак, експертите посочуваат дека САД имаат предности – доларот е светска резервна валута, а Министерството за финансии може да се задолжува по релативно ниски каматни стапки. Комитетот за одговорен федерален буџет предупреди дека, иако е невозможно да се предвиди точен момент, некаква фискална криза е речиси неизбежна доколку не се промени насоката на фискалната политика.

