Свет
Најмалку 20 загинати во експлозија во рудник во Кина

Дваесет рудари загинале а седумнаесет останале заробени под земјата во јагленокоп во централна Кина, откако во сабота дошло до експлозија, пренесува Ксинхуа повикувајќи се на соопштение на владата.
Дваесет рудари загинале а седумнаесет останале заробени под земјата во јагленокоп во централна Кина, откако во сабота дошло до експлозија, пренесува Ксинхуа повикувајќи се на соопштение на владата
Во рудникот во покраината Хенан експлодирал метан, а агенцијата додава дека во тек е голема операција на извлекување на рударите.
Кинеските рудници се сметаат за најопасни на светот. Само минатата година според официјалните податоци, во нив загинале 2.631 рудар.
Меѓутоа, независните организации сметаат дека таа бројка е многу поголема, бидејќи според нив многу несреќи се премолчуваат за да се спречи затворањето на рудниците. Според овие податоци, околу седум илјади луѓе гинат годишно во несреќи предизвикани во рудниците за јаглен во земјата. /крај/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Масовно труење во хотел во Шпанија: со салмонела завршиле повеќе од 100 лица, меѓу нив и бебе

Повеќе од сто туристи беа заразени со салмонела во познат хотел во Ла Манга, популарно одморалиште во близина на Мурсија, Шпанија. Меѓу заболените се 15-месечно бебе, седум деца, како и бремена жена во осмиот месец од бременоста, пренесуваат медиумите во регионот.
Околу 20 гости биле пренесени во болница, додека привремена теренска болница била поставена во самиот хотел на брегот. Симптоми на труење: гадење, повраќање, дијареја и висока температура, се појавиле по саботниот ручек во ресторанот на хотелот. Првично биле пријавени 28 случаи, но бројот на пациенти наскоро се зголемил на повеќе од сто. Децата и бебето се пренесени во болницата „Санта Лучија“ во Картагена за лекување на треска и други симптоми, според написите.
Санитарната инспекција зеде примероци од храна од кујната на хотелот, а хотелот беше привремено затворен. Регионалните здравствени власти го третираат инцидентот како можна епидемија на салмонелоза. Хотелот, еден од најпознатите на Коста Калида, има ресторан на шведска маса (кој моментално е под истрага), бар на плажа, ресторан и англиски паб, кој исто така е привремено затворен.
Здравствените инспектори продолжуваат со истрагата, додека хотелот продолжува да добива критики за лоша комуникација со гостите. Бројот на пациенти би можел да продолжи да расте, а властите го истражуваат изворот на контаминацијата и преземаат дополнителни здравствени мерки за да спречат понатамошно ширење на инфекцијата.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Туристи правеле селфи па потонале со гондола во Венеција

Туристи кои правеле селфи успеале да потонат гондола во венецијански канал откако изгубиле рамнотежа на чамецот, и завршиле заедно со гондолиерот во морето, објави италијанската новинска агенција Анса.
Инцидентот се случил во внатрешен канал во лагунскиот град, без никакви негативни последици за учесниците, кои морале да се фатат за блиските закотвени чамци или за решетките на прозорците на некои згради на нивото на водата за да останат на површината.
Si ribalta una gondola a Venezia e i turisti cadono nel canale: escono dall’acqua aggrappandosi alle grate. #ANSA pic.twitter.com/1nNsiMMGJQ
— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) August 24, 2025
Видеата брзо се проширија на социјалните мрежи.
Сличен инцидент се случил во мај на Големиот канал, само неколку метри од мостот Риалто. И во таа прилика, туристите биле обвинети дека изгубиле рамнотежа на гондолата за да прават селфиња. Гондолиерот исто така завршил во водата. Сцената се одвивала пред очите на многу туристи и била снимена од видео-надзорните камери на градот.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Украинците го дигнаа во воздух клучниот објект за извоз на гас во Русија

Нападите на Украина врз руската енергетска инфраструктура продолжија со нов напад со дронови со долг дострел, насочени кон клучните извори на приходи на Кремљ од извоз на нафта и гас. Ова не е прв ваков напад, а веројатно нема да биде и последен, објавува „Киев пост“.
Дронови со долг дострел, опремени со експлозивни боеви глави, ја погодија големата фабрика за преработка на гасен кондензат Уст-Луга, која се наоѓа во близина на Санкт Петербург на Балтичкото Море, предизвикувајќи силни експлозии и пожари.
The attack caused serious damage to one of the key infrastructure facilities of the Russian energy sector — the Gazprom Ust-Luga gas processing complex, which is part of the large-scale Baltic gas chemical cluster.
The main damage was inflicted on the cryogenic deep processing… pic.twitter.com/jmgh8U5Buq
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) August 24, 2025
Сведоците пријавија најмалку два големи пожари по нападот, кој се случил за време на утринската смена.
Објектот Уст-Луга, во сопственост на „Газпром“ и управуван од енергетската компанија „Новатек“, е една од најголемите фабрики за преработка на природен гас во Европа и клучен извозен центар за руски гас транспортиран преку цевководи од Арктикот и западен Сибир.
The Ust-Luga terminal in the innermost part of the Gulf of Finland is a key 🇷🇺 facility for export of oil and gas. It’s evidently been hit by 🇺🇦 long range drones. pic.twitter.com/d6ChcgQQGJ
— Carl Bildt (@carlbildt) August 24, 2025
Видеата направени од работниците во фабриката покажуваат прецизни удари врз единицата за гасен кондензат, проследени со големи огнени топки. Руските медиуми објавија дека единицата претрпела значителна штета. Според проценките, поправките би можеле да траат од неколку недели до неколку месеци.