Свет
Франција вети измени во Законот за протерување на Ромите
Франција вети дека непосредно пред истекот на ултиматумот на Европската комисија ќе го промени законодавството во врска со протерувањето на Ромите.
Франција вети дека непосредно пред истекот на ултиматумот на Европската комисија ќе го промени законодавството во врска со протерувањето на Ромите.
Ова ќе и заштеди казнени мерки од страна на Брисел и ќе затвори еден потенцијално опасен спор.
„Ги добивме француските материјали и ќе ги анализираме за време на викендот“, изјави портпаролот на Европската комисија (ЕК) за правда и основните права на граѓаните Метју Њумен, без да ја открива содржината на документите.
На крајот на септември Европскиот извршен орган побара од Франција да одговори до 15 октомври (петок) на полноќ и да даде гаранции за идна промена на своето национално законодавство.
Од дипломатски извор се дознава дека Франција ја потврди својата намера за промени на националното законодавство, така што тоа да одговара на европската директива (закони) од 2004 година за слободата на движењето на граѓаните на ЕУ.
Во одговорот, испратен од Париз, се наведува дека француските власти се подготвени за поголема правна транспарентност и да вклучат некои одредби од директивата во националното право.
Наведени се и рокови за тоа – крајот на годинава или почетокот на 2011 година Бидејќи недостигаше прецизен ангажман во таа смисла од страна на Франција, Комисијата, која го следи почитувањето на европските договори, се закани дека ќе почне постапка против Франција, отворајќи можност земјата да биде испратена пред Европскиот суд.
Откако Париз ги прати документите, истите ќе се разгледуваат за време на викендот, а во вторник ќе се соберат сите 27 европски комесари, за да одлучат што ќе се преземе понатаму.
Со оглед на ветувањата дадени од Париз, најверојатно ЕУ ќе се откаже од започнување на постапка против Франција и по вербалните престрелки во последниве недели ќе дојде до компромис.
Проблемот со протерувањето на Ромите сериозно ги заостри односите на Франција со Европската комисија и дојде до жестока размена на зборови меѓу претседателот на Франција Никола Саркози и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо на последната средба на врвот на ЕУ на 16 септември.
Потоа францускиот претседател го излеа гневот врз европската комесарка за правда Вивиен Рединг во врска со направената компарација од претставничката на Луксембург паралела помеѓу протерувањето на Ромите и депортациите во Втората светска војна.
Покрај вклучувањето на европската директива во националното законодавство Рединг побара од Франција објаснувања за начинот на кој е извршено протерувањето на бугарските и романските Роми кое предизвика бројни критики и протести низ светот./крај/афп/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

