Свет
Двајца полицајци загинаа во престрелка во Чеченија

Двајца полицајци беа убиени во престрелка во Чеченија, а други двајца беа повредени во бомбашки напад во соседен Дагестан, пренесе РИА Новости.
Двајца полицајци беа убиени во престрелка во Чеченија, а други двајца беа повредени во бомбашки напад во соседен Дагестан, пренесе РИА Новости.
„Двајца полицајци беа убиени во престрелка со непознати напаѓачи во близина на зелениот пазар во главниот град Грозни“, соопшти тамошната полиција.
Други двајца беа повредени во друга несреќа во Махачкала, Дагестан, кога нивниот автомобил експлодирал од експлозивна направа, објавија од локалната полиција.
Руските власти се борат против бунтовниците во северен Кавказ уште од распаѓањето на СССР./крај/риа/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна

„Најпрво да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.
Како што рече остануваат подготвени и можат да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.
Регион
Пукање во Загреб: Маскирани напаѓачи застрелале маж додека одел во кафуле и побегнале со мотор

Загрепската полиција потврди дека во средата околу 08:35 часот во загрепска Дубрава со огнено оружје бил повреден 57-годишен маж, а неофицијално се работи за бизнисмен, еден од обвинетите на УСКОК за затајување данок при увоз на луксузни автомобили, пренесуваат медиумите во регионот.
„По пријава дека денеска, 19 март, околу 08.35 часот во Дубрава, маж имал повреда на долните екстремитети, најверојатно како последица од прострелна рана дојавата е потврдена по пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот“, објави полицијата.
Оттаму додаваат дека е утврдено дека станува збор за 57-годишен маж на кого му била укажана лекарска помош и дека нема опасност за други лица.
На местото на настанот се утврдуваат сите околности, соопштија кусо од полицијата.
Според „Јутарњи лист“, мажот бил застрелан додека одел на кафе во маалско кафуле. Маскиран маж му пришол одзади и му пукал во нозете, по што побегнал. Полицијата се сомнева дека го чекал соучесник на моторот со кој двајцата избегале, пишува медиумот.
Свет
Калас за Радио Слободна Европа: Тажно е да се слушне дека САД го повлекуваат финансирањето

Европската унија ќе разговара за начините за обезбедување опстанок и продолжување на Радио Слободна Европа, кое беше основано и финансирано од американската држава и кое администрацијата на Доналд Трамп сака да го затвори, изјави Каја Калас.
Ова радио беше основано за време на Студената војна и служеше за ширење прозападна пропаганда до граѓаните од Источниот блок. Неговата работа првично ја финансирала ЦИА, а подоцна добивал пари директно од американскиот Конгрес, според написите.
„Тажно е да се слушне дека САД го повлекуваат финансирањето. Прашањето за нас сега е дали можеме да влеземе со сопствени ресурси за да ја пополниме празнината“, рече Калас.