Свет
Повеќе од 1000 француски пумпи останаа без гориво
Повеќе од илјада бензински пумпи во Франција денеска останале без гориво по протестите во земјата против пензиската реформа. Околу 4.500 станици од вкупно 12.500 се наоѓаат во близина на трговски центри или супер маркети и тие се едни од најпосетените.
Повеќе од илјада бензински пумпи во Франција денеска останале без гориво по протестите во земјата против пензиската реформа. Околу 4.500 станици од вкупно 12.500 се наоѓаат во близина на трговски центри или супер маркети и тие се едни од најпосетените. Овие пумпи продаваат околу 60 проценти од горивото во земјата што го трошат француските возачи.
Веста е заклучена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени
Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида.
Израелската влада се уште не потврдила дали ја добила листата, јавува „Си-ен-ен“.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи во сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела.
Свет
Трамп пристигна во Вашингтон
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.
Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.
Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.
Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.
Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.
Свет
Израел продолжи со напади во Газа, Хамас не доставил список на заложниците поради „технички проблеми“
Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, напаѓа во северниот и јужниот дел на палестинската енклава, потврдија нејзините жители за Ројтерс, а израелските сили велат дека нападнале „терористички цели“ во северниот и централниот дел на Газа со тенкови.
Новинар на АФП во Сдерот, израелски град на северниот раб на палестинската територија, виде неколку експлозии и облаци од црн чад што се издигнаа во областа Беит Ханун по 8 часот наутро.
Тројца Палестинци се убиени во израелски напад врз источниот дел на Газа во неделата наутро, според медицински извори.
„Ќе продолжиме додека Хамас не ги исполни своите обврски“
Израелската армија утринава соопшти дека прекинот на огнот не стапил во сила во 7:30 часот бидејќи Хамас не доставил список на израелски заложници кои требало да бидат ослободени според договорот за прекин на огнот.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека нападите на израелската армија ќе продолжат се додека палестинската исламистичка организација не ги исполни своите обврски.
Тој додаде дека армијата е подготвена да го спроведе договорот за прекин на огнот, но е подготвена и да одговори доколку Хамас ги прекрши неговите одредби.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во последниот час пред да стапи на сила примирјето, првично договорено за 7:30 часот, рече дека прекинот на огнот со Хамас нема да започне додека палестинското исламистичко движење не ја предаде листата на заложници, додека Хамас го оправда тоа со технички проблеми на теренот.
Нетанјаху синоќа изврши безбедносна проценка во врска со одложувањето на добивањето на списокот со заложници што треба да бидат ослободени, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
„Тој ја информираше израелската војска дека прекинот на огнот што требаше да стапи на сила во 7:30 нема да започне додека Израел не добие список на заложници што треба да бидат ослободени, што Хамас се обврза да го обезбеди“, се додава во текстот.
Хамас: Имаме технички проблеми
Прекинот на огнот за кој Катар преговараше со помош на САД и Египет требаше да стапи во сила во 7:30 часот.
Хамас во соопштението рече дека има намера да го испочитува договорот, но призна дека доцнело со обезбедувањето на имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени, „поради технички причини на теренот“.