Свет
ДУИ и ДПА со најмногу путер на глава
Кај сите четири најголеми партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, државните ревизори утврдиле неправилности во финансиското работење во 2004 година.
РЕВИЗОРИТЕ ОТКРИЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ
Кај сите четири најголеми партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, државните ревизори утврдиле неправилности во финансиското работење во 2004 година. Во извештајот, на кој партиите имаат еден месец рок за жалба, ревизорите се сомневаат дека партиите реално ги прикажале примените и потрошените пари за сите свои активности. Ревизијата ја критикува и регулативата за партиите и заклучила дека со неа не се воспоставуваат соодветни услови за поголема контрола на трансакциите, во сметководството и во финансирањето.
Најмногу пропусти имаат ДУИ и ДПА. Партијата на Али Ахмети воопшто не доставила сметка за финансиското работење во 2004 година до Државниот завод за ревизија. Таа партија, исто како и ДПА, не доставила ни попис на средствата и нивните извори. Двете најголеми партии на Албанците во Македонија не го воделе сметководството според Законот за непрофитните организации, односно приходите и расходите "ги евидентирале на пресметковен принцип, а не според паричното искажување на сметката на политичката партија". Поради тоа партиите прикажале нереална загуба во работењето. И ДУИ и ДПА не направиле ни извештаи за добиени донации.
За партијата на Ахмети е наведено дека користи градежни објекти кои не се во нивна сопственост, туку дека им припаѓаат на поединци, а тоа го потврдиле сопствениците на објектите.
Во извештајот се вели дека ДПА не води задолжителни помошни книги за набавка, за капитален имот и за влезни и излезни фактури. И ВМРО-ДПМНЕ не располага со потребните книги. Од оваа партија објасниле дека ги немаат бараните сметководствени книги поради разидувањата во ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на ВМРО-Народна по претседателските избори, кога не било извршено примопредавање на целата партиска документација и на печатите.
Кај СДСМ проблематично било попишувањето на имотот. Според пописните листи и сметководствената евиденција, СДСМ има два објекта, додека според информации од Управата за јавни приходи во 2003 година, партијата остварила приходи од закупнина и од издавање други градежни објекти кои не се наведени во пописните листи.
Ревизијата во партиското седиште на ДПА во Тетово забележала дека тоа е опремено со канцелариска и друга опрема која не била евидентирана во сметководствената евиденција ниту во пописните листи. Од партијата им објасниле дека тоа не е во сопственост на ДПА, туку дека ги добила на користење.
Износите прикажани во финансискиот извештај за ВМРО-ДПМНЕ, според ревизорите, не даваат уверување дека сите активности се евидентирани, бидејќи биле забележани приходи од само 236.000 денари, а расходите се помали од 1.000 денари. Во извештајот на ревизијата се вели дека ги имале предвид внатрепартиските случувања, но бројките се премали бидејќи се работи за голема политичка партија со сопствено седиште и активности, особено во година на вонредни претседателски избори.
Државниот завод за ревизија се обратил и до Советот за радиодифузија за да провери колку пари потрошиле партиите за рекламирање во медиумите во изборната кампања, а податоците оттаму им ги потврдиле сомнежите дека пријавените суми се реални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

