Свет
20 килограми хероин скриени во комби
Дрогата спакувана во 40 пакети тешки по 550 грама била пронајдени во специјално направен бункер во комбе кое го управувал 40-годишниот кумановец З.В. а во кое како сопатник бил М.К. (36) од селото Слупчане кои требало дрогата да ја внесат во Албанија
ПРЕСЕЧЕН НАРКОКАНАЛ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЌАФАСАН КАЈ СТРУГА
Дрогата спакувана во 40 пакети тешки по 550 грама била пронајдени во специјално направен бункер во комбе кое го управувал 40-годишниот кумановец З.В. а во кое како сопатник бил М.К. (36) од селото Слупчане кои требало дрогата да ја внесат во Албанија
Дваесет килограми хероин завчера вечерта биле запленети на граничниот премин Ќафасан кај Струга во акција на полицијата и царината. Полицијата соопшти дека во акцијата биле уапсени возачот на комбито во кое била сокриена дрога и совозачот. За нив постои сомнение дека се замешани во шверцот со дрогата.
Случајот бил откриен завчера околу 23 часот кога на ГП Ќафасан пристигнало комби управувано од кумановецот З.В. (40 ). Во возилото како сопатник бил и М.К. (36) од кумановското село Слупчание. Тие дрогата требало да ја внесат во Албанија.
При претрес во комбито за кое што возачот тврдел дека е празно, полицијата во специјално направен бункер меѓу кабината и фургонот на комбито пронашла 40 паковки прашкаста материја. Секоја од паковките била обвиткана со леплива трака и со тежина од околу 550 грама. Веднаш по пронаоѓањето запленетата дрога била испратена на вештачење. Од првичните испитувања било утврдено дека се работи за хероин, а неговиот квалитет и цена на наркопазарот се утврдува.
Според најавите на полицијата по целосното расветлување и документирање на случајот против упасените ќе бидат поднесени кривични пријави и се очекува истражен судија да им одреди мерка притвор.
Ова е прв случај на запленет хероин кој требало да биде пренесен од Македонија во Албанија. Во досегашната пракса трнспорот на дрогата се одвиваше во обратна насока од Албанија во Македонија а потоа кон Зпадноевропските земји. Мал дел од дрогата останува за домашниот наркопазар. Во досегашниот тек на истрагата се уште не е утврдено зошто дилерите и организ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

