Свет
Косовски кадри ќе бидат македонски амбасадори
За амбасадата во Стокхолм се спрема Агон Демјаха, за Брисел и ЕУ веќе е сигурен Блерим Река, а во ОБСЕ во Виена ќе патува Арсим Зеколи.
ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ПО РЕЦЕПТ НА СДСМ и ДУИ
За амбасадата во Стокхолм се спрема Агон Демјаха, за Брисел и ЕУ веќе е сигурен Блерим Река, а во ОБСЕ во Виена ќе патува Арсим Зеколи. Река бил професор на Универзитетот во Приштина, и речиси сиот свој работен век го минал на Косово како "истакнат к
Македонската Влада токми четири нови амбасадори кои треба да ги пополнат испразнетите дипломатски претставништва во Шведска, Словенија, мисијата на Македонија во ОБСЕ, и мисијата во седиштето на ЕУ во Брисел. Според извори во Владата, веќе се познати и имињата на идните дипломати, од кои тројца се луѓе предложени од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ кој при делбата на амбасадите ги доби Шведска, ОБСЕ и ЕУ.
Наши соговорници во МНР велат дека за амбасадата во Стокхолм се спрема Агон Демјаха, за Брисел и ЕУ веќе е сигурен Блерим Река, а во ОБСЕ во Виена ќе патува Арсим Зеколи. Според наши извори, Зеколи веќе ја добил согласноста на Владата за амбасадорската функција, и тој наводно ги почнал подготовките во МНР. Со неговото именување македонската мисија во ОБСЕ по повеќе од една година конечно добива прв човек, оти ДУИ не успеа да најде кандидат за амбасадор, откако тоа место го одбија двајца нивни фаворити. Во биографијата на Зеколи пишува дека е роден во Сухарека, Косово, во 1966 година, и дека имал кратка кариера како новинар, по што работел во канцеларијата на УНМИК во Скопје, Националниот демократски институт и во УНПРЕДЕП, дека завршил историја на уметност и археологија на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", каде во моментов е на постдипломски студии по меѓународно право. Покрај мајчиниот албански јазик, стои во биографијата, зборува одлично македонски, српски и англиски.
За останатите двајца, пак, во МНР не можеа да се добијат многу податоци.
Река во моментов е професор на Штуловиот универзитет, а во јавноста се знае дека бил професор на Универзитетот во Приштина, и дека речиси сиот свој работен век го минал на Косово како "истакнат косовски правник", како советник во работната група за изготвување на привремениот косовски устав, а неговото име кратко време се вртеше и како дел од тимот советници во преговорите за статусот на покраината. Владини извори коментираат дека амбасадорската функција му била понудена токму откако испаднал од преговарачкиот тим. Сепак, официјално, во МНР и во Владата тврдат дека Река е солиден избор со кој немаат проблем, а наводно, го пофалиле и странците.
И за третиот пик, Демјаха, од МНР не можат да се добијат повеќе информации, освен тоа дека и тој работел на Косово како основач на Косовската фондација за цивилно општество, а сега ја води Балканската фондација за деца и млади, со седиште во Скопје. Тој, пак, коментираат владини извори, во последен момент влетал во комбинација за Шведска, оти тоа место, по завршувањето на мандатот на амбасадорот Мартин Треневски и неколкумесечната празна амбасада, требаше да го завземе финансискиот шеф на ДУИ, Абдулхалим Касами.
За Љубљана, пак, веќе е сигурно дека оди адвокатот Самоил Филиповски, кој му беше бранител на Љубе Бошковски во случајот Раштански лозја, го застапувал и Амди Бајрам, а неговото име го спомнуваше и гостиварскиот Карлито Бриганте. Наши извори во Владата велат дека за него веќе паднал договор и со Претседателот, оти тој бил солидно економско решение за Словенија, и дека е близок и со премиерот Бучковски.
Некаде неделава, според најавите, би можело да се очекува да почнат консултациите на Владата и претседателот за новите амбасадори во САД и НАТО, чии мандати беа продолжени до февруари.
Л. Јаневск
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

