Свет
Работиме, но не ме држете за збор!!
Преземањето одредени постапки во однос на ревизорските извештаи бара повеќе простор и време, бидејќи се што е наведено во извештаите треба да се провери низ оригинална документација, во што се вклучуваат повеќе институции, изјави за Радио Слободна Европа јавниот обвинител Александар Прчевски
Преземањето одредени постапки во однос на ревизорските извештаи бара повеќе простор и време, бидејќи се што е наведено во извештаите треба да се провери низ оригинална документација, во што се вклучуваат повеќе институции, изјави за Радио Слободна Европа јавниот обвинител Александар Прчевски.
Тој објаснуваше зошто доцнат обвиненијата за десетици сторени прекршочни и кривични дела и неправилности во финансиското работење, констатирани во извештаите на Државниот завод за ревизија.
– Јавното обвинителство е должно да постапи по однос на доставените извештаи, за тоа треба да се соберат соодветни докази, оригинални документи и слично и да се види дали има место за преземање постапка. Но, во сите случаи без исклучоци кога се доставени такви извештаи, Обвинителството врши проверки, изјави јавниот обвинител Прчевски.
На прашањето дали се покренати конкретни обвиненија за дела посочени во некој од извештаите на ДЗР, Прчевски вели дека има такви случаи.
– Не ме држете за збор, но има, сигурно има, само што тоа треба да се провери. Сега немам податок за конкретни предмети, тоа треба да се провери во Основното обвинителство-Скопје, иако такви предмети имаме и во другите обвинителства, во зависност од тоа каде се наоѓа органот или институцијата што е корисник на буџетските средства – изјави Прчевски.
РАБОТНИЦИТЕ ОД „РУДКОП“ ОБВИНУВААТ
Обвинителот го помага криминалот во „Фени-индустри“
Првиот обвинител Александар Прчевски незаконски побара од Врховниот суд да ја запре наплатата на парите што неколку години ни ги должи кавадаречки „Фени-индустри“, обвинија вчера од одборот на вработените во „Рудкоп“.
Тие тврдат дека со барањето за заштита на законитоста во судскиот процес за должничко-доверителски односи меѓу „Фени“ и „Рудкоп“, Прчевски ги изиграл Уставот и законите за да го спаси криминалниот бизнис во кавадаречкиот комбинат.
„Прчевски поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд со кое сака да го спречи извршувањето неколку правосилни судски одлуки од Основниот суд во Кавадарци и од Апелацискиот суд во Скопје, кои му наложуваат на ‘Фени’ да ни ги исплати побарувањата што ни ги должи по основа на извршени услуги. Со оваа постапка тој се става над Уставот и сака да не лиши нас и нашите семејства од основното право на работа и надомест за нашиот труд“, пишува во соопштението на работниците во „Рудкоп“.
Тие велат дека во валканата игра се вклучила и Комерцијалната банка бидејќи ги деблокирала сметките на комбинатот иако тие биле блокирани со правосилни судски решенија поради долговите што ги има „Фени“ кон поголем број доверители. В. Н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

