Свет
Руските и американските служби уништија нарко лабораторија во Авганистан

Специјалните служби на Русија и Соединетите американски држави првпат спроведоа заедничка операција за уништување на четири лаборатории за производство на наркотици во Авганистан,
Специјалните служби на Русија и Соединетите американски држави првпат спроведоа заедничка операција за уништување на четири лаборатории за производство на наркотици во Авганистан, изјави денеска директорот на Федералната служба за контрола на производството и прометот на наркотици (ФСКН) , Виктор Иванов.Веста е заклучена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина тврди дека руски војници биле убиени во напад во Курск

Киев тврди дека до 30 руски војници биле убиени во воздушен напад врз „елемент од воената инфраструктура“ во руската област Курск.
„Како резултат на нападот, целта беше целосно уништена“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб, додавајќи дека нападот „ја ослабнал способноста на непријателот да дејствува против украинските одбранбени сили во регионите Суми и Курск“.
Украина започна упад во областа Курск во август минатата година, но во последните недели нејзините сили се повлекуваат поради рускиот притисок.
Русија и САД тврдат дека значителен број украински сили се опколени во областа Курск, што Украина го негира.
Европа
Украинските и американските претставници денеска се среќаваат во Ријад

Делегацијата од Киев денеска останува во Саудиска Арабија на понатамошни разговори со американски претставници.
Украинскиот јавен сервис „Суспилне“, повикувајќи се на украински извори, објави дека средбата ќе се одржи денеска – еден ден откако САД и Русија одржаа состанок во истата земја.
Минатата недела Москва го отфрли американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, а вчера Доналд Трамп ги наведе темите на дневниот ред на разговорите. „Во моментов зборуваме за територија“, рече Трамп. „Зборуваме за разграничување, за моќ и сопственост на електрани“.
Свет
Швеѓаните ги бојкотираат супермаркетите поради високите цени на храната

Швеѓаните одлучија да преземат директна акција против поскапувањето на храната.
Организираа седумдневен бојкот на најголемите супермаркети во земјата, објави „Гардијан“.
Протестот, познат како „Бојкот на 12-та недела“ – наречен така затоа што започна на 12-та недела од календарската година – започна минатата недела и брзо стана национална тема, благодарение на објавите на социјалните мрежи.
Според проценките, цената на храната за просечното семејство во Шведска е зголемена за околу 2.740 евра од јануари 2022 година.