Свет
Новата бразилска претседателка најави борба против сиромаштијата
Дилма Русеф, убедливата победничка на бразилските претседателски избори, вети во својот прв говор пред изборната ноќ, дека ќе води борба против сиромаштијата и ќе се бори за создавање на еднакви можности за сите Бразилци, јавуваат светските агенции.
Дилма Русеф, убедливата победничка на бразилските претседателски избори, вети во својот прв говор пред изборната ноќ, дека ќе води борба против сиромаштијата и ќе се бори за создавање на еднакви можности за сите Бразилци, јавуваат светските агенции.
Веста е заклучена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.

