Свет
Патарините ќе поевтинат пред избори

Официјално од Министерството за транспорт и врски велат дека неколку делови од предлогот за намалување на патарините треба да се усогласат со европското законодавство
И ВЛАДАТА ВО КАМПАЊА
Официјално од Министерството за транспорт и врски велат дека неколку делови од предлогот за намалување на патарините треба да се усогласат со европското законодавство
Поевтинувањето на патарините, што министерот за транспорт и врски Џемали Мехази го најави пред скоро два месеца, Владата го чува за пред избори. "Вест" дознава дека предлогот со кој цените на патните такси во Македонија треба да се снижат за 20 отсто, а кој веќе е готов, намерно се уште не се става на гласање на владина седница. За него Владата ќе одлучува напролет, пред стартот на предизборната кампања.
Од владини извори дознаваме дека за намалувањето позитивно ќе се изјаснат сите владини претставници. Предлогот за намалување на патарините беше влезен во владина процедура уште кон крајот на минатата година. Владата одложувањето го правда со недоволно јасниот текст кој и бил даден на разгледување.
Портпаролот на Владата Сашо Чолаковски, вчера ни рече дека предлогот го разгледале владините комисии, но место да се стави на седница тој бил вратен на доработка во Министерството за транспорт и врски.
"Во него треба да се допрецизираат некои делови кои се нејасни. Откако тоа ќе се направи, Владата на некоја од следните седници ќе го стави на гласање", вели Чолаковски.
И од Министерството за транспорт и врски најавуваат дека предлогот многу бргу ќе се стави на дневен ред во Владата. Оттаму велат дека неколку делови треба да се усогласат со европското законодавство. Откако тоа ќе се заврши, предлогот ќе се стави на гласање.
За намалување на цената на патарините во елаборатот, кој го изработија "Македонија пат" и Фондот за магистрални и регионални патишта, за прв пат се користени пресметки кои се во интерес на граѓаните. Во предлогот не се земени цените на нафтените деривати, туку потрошувачката моќ на граѓаните. Ако и понатаму цената на патарините се креирала според цената на горивата, велат експертите кои работеле на елаборатот, место пое
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Штета е што Фон дер Лајен мора да се грижи, листата на недостатоци на ЕУ им е позната на сите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека е штета што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, морала да се грижи и да се бори додека ја презентирала состојбата на ЕУ во својот годишен говор до нацијата бидејќи листата на слабости на Унијата им е позната на сите.
„Урсула фон дер Лајен денес ја оценува состојбата на Унијата. Штета е што мора да се грижи“, напиша Орбан на својата страница на социјалните мрежи, објавува унгарски „Немзет“.
Тој додаде дека листата на недостатоци им е позната на сите – бавна економија, влошување на конкурентноста, миграциска криза и насилство, изгубена војна, бесмислена зелена политика.
„Народите на Европа се презаситени од ова. Затоа патриотските сили стануваат посилни во цела Европа. Затоа француската влада постојано пропаѓа, затоа Навроцки победи во Полска и затоа Андреј Бабиш ќе победи во Чешка“, напиша Орбан на „Фејсбук“ со забелешка дека „срамно е што Урсула фон дер Лајен мора да страда“, пренесува „Танјуг“.
Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го одржа својот годишен говор до нацијата во Европскиот парламент, прв во нејзиниот втор мандат, и изјави дека само обединета и повторно обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Фото: принтскрин
Свет
Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

Британскиот премиер Кир Стармер утрово остро го осуди рускиот упад во полскиот воздушен простор нарекувајќи го екстремно загрижувачки.
Стармер го опиша нападот врз Украина како варварски и додаде дека тоа е грубо неодговорен потег на Русија што само го потврдува очигледното непочитување на мирот од страна на Путин и континуираното бомбардирање невини Украинци.
Тој рече дека разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за јасно да ја стави до знаење поддршката на Обединетото Кралство. „Искрено сум им благодарен на НАТО и на полските сили, кои бргу реагираа за да ја заштитат алијансата“, рече Стармер.
Тој додаде дека Велика Британија, заедно со партнерите и преку раководството на коалицијата на волјата, ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Путин сè додека не се постигне праведен и траен мир.
Фото: принтскрин
Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.