Свет
Красниќи прописно се мајтапи со судот
Судењето на Агим Красниќи од Кондово вчера единаесетти пат беше одложено. Овој пат бидејќи Красниќи, кој на последните неколку рочишта редовно доаѓаше, бил болен.
11 ПАТ ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО
Судењето на Агим Красниќи од Кондово вчера единаесетти пат беше одложено. Овој пат бидејќи Красниќи, кој на последните неколку рочишта редовно доаѓаше, бил болен. Неговиот адвокат Владо Пишликовски најави дека Красниќи, сепак, ќе се појави во судот в петок, кога треба да почне судењето на кое заедно со уште неколку жители на Кондово ќе одговара за подготвување терористички акции.
На вчерашното рочиште не се појави ни обвинетиот Салих Рамадани и ова е петто рочиште што се одложува поради негово отсуство. Судијата побара тој да биде стражарно приведен, но полицијата не може да го направи тоа бидејќи Рамадани е во странство.
Красниќи и адвокатот на Рамадани тврдеа дека тој ветил оти ќе се појави, но дека не можел да ја напушти работата. На судењето не дојде ни оштетениот Шеваљ Муареми, за кого судијата исто така побарал да биде приведен. Само обвинетиот Кемал Сали редовно доаѓа во судот. Тој, Рамадани и Красниќи се обвинети за предизвикување општа опасност и за противправно лишување од слобода, дела извршени на 24 октомври 2003 година.
Обвинетите тогаш го грабнале Муареми, кој успеал да им избега, а тие за да го спречат, пукале по него, но не го погодиле. Обвинението против Красниќи, Рамадани и Сали беше подготвено во октомври 2004 година, но до денес не е одржано ниту едно рочиште бидејќи обвинетите не се појавуваат на судењата. Красниќи почна да доаѓа откако на 23 август лани сам се појави кај истражен судија и даде исказ за делата за кои се гони. Истражен судија го сослуша и ги повлече потерниците по него бидејќи оцени дека нема потреба да го притвора. Красниќи в петок треба да одговара за подготвување тероризам. Скопското обвинителство против него покрена обвинение, според кое, тој и неколкумина други жители на Кондово на втори април 2005 година, вооружени и облечени во воени униформи, изведувале "воени вежби" во месноста Борови кај Кондово, каде што претходно биле ископани ровови. Тие вежбале користење оружје и пукање од рачен топ. Во текот на вежбата вооружените и униформирани кондовци ги набљудувале и снимале Скопје и околината. За тоа постојат и видеоснимки, кои беа запленети кај албанска новинарка и нејзиниот татко, кој бил мајор во УЧК, против кои кај нас се водеше одвоена судска постапка и кои со правосилна пресуда се осудени на по пет години затвор за подготвување кривично дело против уставниот поредок на државата.
(Н.Н.С.-И.Ш.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

