Контакт

Свет

КФОР во шверц на картички за мобилен

Објавено пред

Возило на грчкиот контингент на КФОР во ноември лани се обидело без соодветна увозна документација да внесе во Македонија 5.800 припејд-картички за мобилни телефони, во вредност од 46.610 евра.

dobivaj vesti na viber

НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

Возило на грчкиот контингент на КФОР во ноември лани се обидело без соодветна увозна документација да внесе во Македонија 5.800 припејд-картички за мобилни телефони, во вредност од 46.610 евра. Обидот за нелегален увоз го откриле македонските погранични службеници, при што ја заплениле стоката, а на офицерот на КФОР, Г.Ц., му издале соодветна потврда.

Настанот се случил рано изутрината на 4 ноември лани, на граничниот премин Богородица. Припејд-картичките прво биле изнесени од земјава со уредна извозна документација од лицето С.Г., кое веднаш било препратено до грчките царински службеници поради осетливоста и вредноста на стоката.

Кога тоа лице многу брзо се вратило назад со празно возило, македонските цариници се посомневале дека нешто не е во ред поради што побарале информација од своите грчки колеги. Од грчка страна им било кажано дека С.Г. му ја предал стоката на лицето Г.Ц., кое е во состав на грчкиот контингент на КФОР. Кога контингентот на КФОР за кратко време пристигнал на Богородица, во возилото на посочениот офицер биле пронајдени телефонските картички, но тој за нив не поседувал никаква документација.

Постапката за расветлување на целиот случај е во тек. Дознаваме дека македонските надлежни органи побарале информации од домашните фирми што се занимаваат со мобилна телефонија за да откријат кои се замешани во нелегалниот увоз.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Телата на девојките кои починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Објавено пред

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица се приведени за време на полициската истрага за случајот.

dobivaj vesti na viber

Бјанка Џонс и Холи Боулс, и двете 19-годишни, беа меѓу шесте странски туристи кои загинаа откако наводно консумирале токсична супстанција која често се додава во шверцуваниот алкохол.

Останатите четири жртви беа идентификувани како Симон Вајт, 28-годишна адвокатка од Обединетото Кралство; Џејмс Луис Хатсон, 57-годишен Американец; и Ен-Софи Оркилд Којман (20) и Фреја Венервалд Соренсен (21) од Данска. Хатсон беше пронајден мртов во неговата соба во хостелот на 13 ноември, со неколку празни чаши во близина. Истото утро, Ен-Софи Оркилд Којман и Фреја Венервалд Соренсен исто така беа пронајдени во несвест во нивните соби и итно пренесени во локалната болница.

Телата на Австралијките беа вратени во Мелбурн во вторникот вечерта, во придружба на нивните семејства.

„Ужасно ни недостасуваат нашите ќерки. Ми олесна кога знам дека има напредок во Лаос – не можеме да дозволиме нашите девојки да умираат и трагедии како оваа продолжуваат да се случуваат“, рече Марк Џонс, таткото на Бјанка Џонс, пред новинарите.

Говорејќи на аеродромот во Мелбурн, Џонс ја повика владата на Лаос да „продолжи да истражува“, додавајќи дека семејствата ќе се обидат „да ја подигнат свеста за опасностите од труење со метанол“.

Приведени се осум лица, а се работи за вработени во хостелот „Нана Бакекерс“ каде што биле сместени сите жртви, јавуваат локалните медиуми. Сопствениците на хостелот, кој сега е затворен, претходно ги негираа тврдењата дека служеле нелегален алкохол.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел: Убивме уште еден лидер на Хамас во Газа, снајперист кој се криеше во училиште

Објавено пред

Непосредно пред планираниот почеток на прекин на огнот во војната против либанската милиција Хезболах, израелската војска денеска објави дека убила уште еден висок член на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Израелските воздухопловни сили „прецизно го погодија“ Мумин ал-Џабари, кој го опиша како искусен терорист во снајперската единица на Хамас, кој оперирал во просторија на зграда што порано била училиште, објавија рано утрово израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот Телеграм канал.

Информациите од израелската армија не можеа независно да се проверат, пренесува Дпа. Договорот меѓу Израел и Хезболах, кој треба да започне во среда наутро, не вклучува никакви одредби за прекин на огнот со Хамас во Газа.

ИДФ соопшти дека Ал Џабари складирал „големо количество оружје во просторијата каде што дејствувал“. Во август, израелската армија ја нападна зградата, која се користеше како активно засолниште, елиминирајќи повеќе од 30 „терористи на Хамас и Исламски џихад“.

Израел соопшти дека презел голем број мерки за намалување на ризикот за цивилите пред нападот.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, која избувна откако Хамас го нападна Израел во октомври 2023 година, Хезболах започна напади против Израел во поддршка на Хамас. Израел одговори со воздушни напади врз Либан и копнена инвазија.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила во 4 часот по локално време, откако беше прифатен од двете страни со посредство на САД и Франција

Прикажи повеќе...

Свет

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

Објавено пред

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона туристички брод со 44 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Досега се спасени вкупно 33 лица, но потрагата по седум исчезнати лица се уште трае, соопштено е во вторникот вечерта.

Идентитетот на жртвите се уште не е официјално објавен. Според Би-би-си, меѓу исчезнатите се и двајца британски државјани.

Современиот брод со четири палуби превезувал 31 патник и 13 членови на екипажот кога се верувало дека бил погоден од голем бран во близина на Марс Алам, поради што се превртел.

Повикот за помош бил испратен во 5:30 часот по локално време (3:30 по Гринич), потврдија локалните власти.

Според гувернерот на регионот на Црвеното Море, генерал Амар Ханафи, бродот потонал за пет до седум минути, а некои луѓе не можеле да излезат од своите кабини.

Спасувањето започнало веднаш по несреќата. Вкупно 28 лица беа спасени од армијата и еден туристички брод што минуваше во првите часови по несреќата.

Гувернерот исто така изјави дека други преживеани биле пронајдени во областа Вади ел-Гемал.

Според информациите од локалните власти, екипажот на бродот бил од Египет, додека патниците биле од Белгија, Велика Британија, Кина, Финска, Германија, Ирска, Полска, Словачка, Шпанија, Швајцарија и САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Телата на девојките кои починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет1 час

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет1 час

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет1 час

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија17 часа

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија19 часа

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија19 часа

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија19 часа

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија19 часа

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија21 час

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија22 часа

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија23 часа

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: Договорено заемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на...

Европа23 часа

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од половина од поголемиот...

Свет1 ден

Трамп воведува огромни царини за Кина, Пекинг одговори

Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на...

Свет1 ден

Белата куќа: Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во...

Свет1 ден

Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост,...

Економија2 дена

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....