Контакт

Свет

Купувањето кат во "Тифани" со непосредна спогодба е сомнително

Објавено пред

Не стивнуваат реакциите откако "Утрински весник" ја објави веста дека Управата за јавни приходи, преку непосредна спогодба, купила мезанин од 600 квадратни метри во објектот "Тифани" во Скопје, во сопственост на Љупчо Палевски, член на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

УЈП и Министерството за финансии тврдат дека зделката е целосно законска, експертите критикуваат

Првиот човек на антикорупционерите, Михаил Маневски, вели дека не може да биде оправдување фактот што за набавката биле обезбедени буџетски пари

НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА

Не стивнуваат реакциите откако "Утрински весник" ја објави веста дека Управата за јавни приходи, преку непосредна спогодба, купила мезанин од 600 квадратни метри во објектот "Тифани" во Скопје, во сопственост на Љупчо Палевски, член на СДСМ. За овие простории, чија набавка даночните власти ја чуваа во тајност, УЈП ќе плати 840.000 евра, средства што биле предвидени и обезбедени со Буџетот.

И додека УЈП потенцираат дека зделката е целосно легална и во согласност со Законот за јавни набавки, експертите се категорични дека и покрај законската покриеност, даночните власти не смееле да се впуштат во таква "авантура". Според нив, оваа трансакција е недозволива, неетичка и непримерна. 

Претседателот на Антикорупциската комисија, Михајло Маневски, смета дека УЈП требало да објави тендер, на кој ќе се избере најповолна локација. "Овој случај сў уште не сме го разгледувале во Комисијата. Но, доколку навистина просториите се купени по пат на непосредна спогодба, мој личен став е дека тоа е недозволив чекор", вели Маневски. Според него, таква постапка не е во согласност со Законот, бидејќи тој бара за секоја јавна набавка да се распише тендер. Тоа требало да го стори и Даночната управа.

"Не може да биде оправдување фактот што за просториите претходно биле обезбедени пари од Буџетот. Нормално е дека кога државните органи планираат нешто да купат, за тоа имаат обезбедено средства. Но, тоа не треба да значи дека секоја државна установа што за одредена набавка има обезбедено средства, може да си дозволи неа да ја изврши преку непосредна спогодба", потенцира Маневски.

Во УЈП, пак, возвраќаат дека пред да ја склучат зделката, иако немале законска обврска, ја известиле Антикорупциската комисија за своите намери за купување деловен простор, што било во согласност и со аранжманот со ММФ. "Доколку антикорупционерите имале забелешка за некаква нерегуларност, требало да реагираат уште пред склучувањето на договорот. Но, такви реакции досега немаше", вели Магдалена Чижбановска, шеф на Кабинетот на директорката на УЈП, Петра Митева.

Вчера и во Министерството за финансии целосно застанаа зад УЈП. Од кабинетот на министерот Никола Поповски велат дека таква зделка законот дозволува, како и дека апсолутно не станува збор за неморален чин.

Во Законот за јавни набавки, во делот "исклучоци", во член 5, став 1, алинеја 1, стои дека одредбите на овој закон не се однесуваат и за набавки и за "купување или најмување земјиште, градежни објекти или друг недвижен имот или права што произлегуваат од истите, освен ако за нивно купување или земање под наем е потребно обезбедување на финансиски средства (кредити или заеми)". Токму фактот што за објектот биле обезбедени буџетски пари, за УЈП ја прави законска оваа трансакција.

Професорот Живко Атанасовски жестоко реагира како УЈП вака комотно и неодговорно се однесувала кога е во прашење трошењето на буџетските средства. "Без оглед дали трансакцијата е законска или не, ова е непримерен чекор. Точно е дека тие наоѓаат законска покриеност, но кога станува збор за јавни финансии, треба да се води сметка и за оправданоста на овој трошок. Прашање е дали било толку итно да се обезбедат тие простории преку непосредна спогодба", се сомнева овој експерт. Во врска со тоа, пак, дека просториите на УЈП Ј биле потребни за посебно оданочување на големите обврзници, Атанасовски смета дека целата таа идеја е сосема непотребна и глупава. "Тие и досега добро ги знаат кои се големите обврзници и колку плаќаат даноци. Нема потреба од нивно одвоено даночење", потенцира професорот. И конечно, за Атанасовски е спорно што просториите се купени од Љупчо Палевски, член токму на најголемата владејачка партија.

Наспроти ваквиот експертски став, пак, Палевски вчера изјави дека нема ништо спорно во оваа трансакција. "Точно е дека сум член на СДСМ, но нема ништо спорно во оваа зделка. Мојата фирма функционира веќе 15 години и нормално е да работи во сите тие 15 години, и кога е и кога не е СДСМ на власт. Според вашето прашање, произлегува дека јас треба да работам само кога Љупчо Георгиевски е на власт, за да не биде спорно", вели овој бизнисмен. Тој нагласува дека е сопственик на објектот. "Објектот од 1999 година е во моја сопственост. Граден е со извесни застои, но сега градбата се интензивира. Ќе биде завршен за шест месеци", објаснува Палевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фински политичар предупредува на опасна стратегија на НАТО пактот

Објавено пред

Масовното вооружување на Украина од страна на земјите-членки на пактот на НАТО нема да доведе до крај на конфликтот со Руската Федерација, изјави финскиот политичар Армандо Мема во објава на социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Мема изјави дека планот за претворање на Украина во „највооружена земја“ продолжува, со проценка дека во такви околности мир нема да се постигне во догледна иднина. Според него, Северноатлантската алијанса ја продолжува иницијативата за ограничување на Русија, додека, како што тврди, ја трансформира поранешната советска република во силна воена сила.

Тој заклучи дека за да се промени таквиот курс, притисокот на Соединетите Американски Држави врз европските сојузници е неопходен, со цел, како што верува, да се преиспита стратегијата за понатамошно воено зајакнување на Киев.

Во меѓувреме, британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави во четвртокот дека земјите од контакт групата за Украина, во рамките на таканаречениот формат Рамштајн, постигнале договор за дополнителна финансиска поддршка на Киев.

Според него, сојузниците се согласиле да издвојат уште 35 милијарди долари за Украина, со што ќе продолжат со политиката на снабдување и финансирање на украинските одбранбени капацитети во услови на продолжен конфликт.

Прикажи повеќе...

Свет

„Политико“: Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна

Објавено пред

Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна, според анкетата на „Политико“, во која се детално опишани растечката загриженост на јавноста за ризиците и трошоците од новата ера на конфликти.

dobivaj vesti na viber

Во сите пет анкетирани земји – САД, Канада, Велика Британија, Франција и Германија – огромното мнозинство испитаници веруваат дека светот станува сè поопасен. Американските, канадските, француските и британските испитаници веруваат дека избувнувањето на Третата светска војна во следните пет години е се поверојатно.

Уделот на гласачите кои предвидуваат нов глобален конфликт нагло се зголеми откако независните анкетари „Паблик Фирст“ го поставија прашањето во март 2025 година. „Променливите ставови на западната јавност за помалку од една година одразуваат драматичен пресврт кон понесигурен свет, каде што војната се смета за веројатна, а сојузите нестабилни“, рече Себ Рајд, раководител на анкетите во „Паблик Фирст“.

Но, анкетата на „Политико“, исто така, откри ограничена подготвеност кај западната јавност да направи жртви за да плати за повисоки воени трошоци. Иако во принцип постои широка поддршка за зголемување на буџетите за одбрана во Велика Британија, Франција, Германија и Канада, таа поддршка нагло опадна кога луѓето дознаа дека тоа може да значи преземање поголем национален долг, намалување на други услуги или зголемување на даноците.

„Нашите анкети покажуваат дека растечката загриженост за војната не им дава дозвола на лидерите да трошат многу за одбрана“, рече Рајд. „Ако ништо друго, гласачите сега се помалку подготвени да направат компромиси потребни за подобрување на воената безбедност. Така, европските лидери се оставени во нестабилна ситуација – не можат да се потпрат на САД, не можат да го користат тоа како причина за инвестирање во земјата и се под поголем притисок итно да го решат ова за свет каде што конфликтот изгледа поблизок отколку порано.“

Наодите, врз основа на анкети на повеќе од 2.000 гласачи во секоја земја помеѓу 6 и 9 февруари, го откриваат предизвикот со кој се соочуваат лидерите на НАТО додека се обидуваат да ја зајакнат безбедноста во време кога јавните финансии се затегнати, пишува „Политико“.

Таа борба ќе ги обликува дискусиите меѓу политичарите од целиот свет додека патуваат во Германија за годишната Минхенска безбедносна конференција, која започнува во петок.

Без знаци за непосреден крај на четиригодишната тотална војна на Русија против Украина и без воена акција на САД во Иран, Сирија, Венецуела и Африка под водство на претседателот Доналд Трамп, многу гласачи гледаат растечки ризик од глобален конфликт.

Овој модел е особено очигледен во Обединетото Кралство, каде што 43 проценти веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ да избувне до 2031 година – во споредба со 30 проценти во март 2025 година. Речиси половина од Американците – 46 проценти – веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ до 2031 година – во споредба со 38 проценти минатата година. Меѓу петте земји, само луѓето во Германија мислат дека трета глобална војна е малку веројатна во следните пет години.

Русија се смета за најголема закана за мирот во Европа, додека Канаѓаните ја гледаат Америка на Трамп како најголема безбедносна закана. Во Франција, Германија и Велика Британија, како втора најголема закана се сметаат САД, кои испитаниците ги наведуваат многу почесто отколку Кина.

Мнозинството гласачи во Франција, Германија, Велика Британија и Канада рекоа дека нивната земја треба да троши повеќе за одбрана, а овој став е најсилен во Велика Британија и Канада.

Прикажи повеќе...

Свет

Ново пукање на американските кампуси: Две лица убиени во Јужна Каролина

Објавено пред

Две лица беа убиени, а едно беше рането во пукање во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина доцна вчера, што доведе до итно блокирање на кампусот. Инцидентот, според соопштението објавено на Фејсбук страницата на универзитетот, се случил околу 21:15 часот по локално време во студентскиот дом „Хуџин Свитс“, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Достапни се малку официјални информации за околностите на нападот и не е познато дали напаѓачот е сè уште на слобода.

„Универзитетските претставници сè уште не го потврдија идентитетот на жртвите или состојбата на повреденото лице“, се вели во соопштението.

Лице кое се јавило на телефон во канцеларијата за јавна безбедност на универзитетот во четврток вечерта изјавило дека немало овластување да дава никакви информации за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 час

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа2 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија12 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија20 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија22 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...