Свет
Продажбата на ЕСМ ќе заврши во четири очи
Купопродажниот договорот за "ЕСМ дистрибуција" бил правен документ и од јавноста ќе се крие како деловна тајна, иако неговата финална содржина Владата и купувачот ќе ја договораат во преговори
ВЛАДАТА КРИЕ ЗА ШТО ЌЕ ПРЕГОВАРА СО НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ
Купопродажниот договорот за "ЕСМ дистрибуција" бил правен документ и од јавноста ќе се крие како деловна тајна, иако неговата финална содржина Владата и купувачот ќе ја договораат во преговори
Содржината на купопродажниот договорот за "ЕСМ дистрибуција" од јавноста ќе се крие како деловна тајна меѓу Владата и купувачот. За јавноста било доволно што од почеток била информирана за постапката на продажба на компанијата и за критериумите по кои ќе се оценуваат понудите. Во оваа насока се движеа одговорите на претставниците на Министерството за економија на вчерашната трибина на "Транспарентност Македонија" за "Тендерските процедури за приватизација на ЕСМ дистрибуција". Според нив, Владата имала мандат да преговара со најдобриот понудувач околу купопродажбата на компанијата и да склучи договор со него, бидејќи преговорите не биле инструмент за избор на најповолниот понудувач, туку начин на договарање на правата и обврските на договорните страни.
"Договорот не може да биде јавен документ. Како и учесниците на тендерот, и ние имаме обврска за доверливост. Процесот и тендерските критериуми се јавни, но договорот претставува правен документ и како таков не може јавно да се објави", вели помошник раководителот на Секторот за енергетика во Министерството за економија Симон Узунов и при тоа одби да одговори на прашањето кој ќе ја сноси одговорноста доколку Владата сепак склучи штетен купопродажен договор.
Како што се случи и при продажбата на Телеком, и приватизацијата на ЕСМ ќе заврши со директни преговори на Владата со купувачот, но овој пат разликата била во тоа што постои законска регулатива според која пазарот е либерализиран, а содржината на договорот нема да влијаела на позицијата на компанијата на пазарот.
Владините преставници одбија и да откријат кои елементи од веќе подготвениот купопродажен договор смеат да се менуваат во преговорите на Владата со најдобриот понудувач, како и кој е критериумот за Владата да се изјасни дека преговорите ги прекинува зашто купувачот претерал со барањата и да го дискваификува.
(Т.Ј.)
***
Договорот за продажба на ЕСМ мора да биде јавен
Купопродажниот договор за ЕСМ Дистрибуција претставува јавен документ бидејќи компанијата се продава преку јавен тендер. Ова за "Вест" вчера го изјави професорот за управно право Борче Давитковски од Правниот факултет во Скопје.
"Мислам дека документот треба да биде достапен за јавноста. Треба да се знае кои се обврските и правата на сопственикот на компанијата, купена преку тендерска постапка со јавно објавени критериуми. Граѓаните ги интересира дали во договорот има штетни одредби во однос на нивните права, сигурно не се интересираат за некои безбедносни елементи", вели професорот Давитковски и дополнува: "Ако е правен документ, тогаш тој се склучува на основа на чисто бизнис релации и нема потреба да се распишува јавен тендер. Во таков случај воопшто нема потреба јавноста да биде запознаена со целата постапка и критериумите на договорот".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

