Свет
Три милиони евра кусок во касата на судството
Претседателите на основните судови укажаа дека судството не трпи импровизации и дека без пари не може да се прават реформи во судството.
Третата власт транспарентна во прикажувањето на трошењето на буџетските пари
Претседателите на основните судови укажаа дека судството не трпи импровизации и дека без пари не може да се прават реформи во судството. Старите долгови на судовите изнесуваат над 1,5 милиони евра, а исто толку изнесува и кусокот на средства за материјални трошоци
Гордана Дувњак
Судскиот буџет за оваа година не може да ги обезбеди сите неопходни услови за функционирање на судството и се проценува дека предвидените средства се доволни за четири до пет месеци тековно работење. Старите долгови на судовите изнесуваат над 1,5 милиони евра, а исто толку изнесува и кусокот на средства за материјални трошоци, што сў заедно ја дава бројката од три милиони евра, колку што Ј се потребни на судската власт за нормално функционирање, како и за градежно и инвестициско вложување во започнатите проекти. Зголемување на ставките има единствено во масата на пари за платите и за надоместоците, но ако се има предвид дека постои застој во динамиката за нови вработувања и за преземања на вработени од други министерства, средствата не се пренаменуваат, туку вишокот пари повторно се враќа во Буџетот. Како илустрација, лани биле вратени како неискористени средства близу 29 милиони денари, а од планираните 145 нови вработувања од Министерството за финансии се добиени одобренија само за 45. Овие и многу други бројки без изнесени на вчерашната двочасовна јавна презентација на Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2006 година, на која беше прикажана распределбата по судови, како и плановите за инвестирање во судовите за оваа година. Состанокот на кој, покрај претседателите на судовите, беа поканети и медиумите е во функција на транспарентноста во трошењето на буџетските пари.
Судството се пофали дека минатата година успеало речиси во целост да ги реализира одобрените буџетски средства, а голема ефикасност покажале и во трошењето на сопствените приходи, кои изнесуваат над 63 милиони денари. По направената овластена ревизија е констатирано дека средствата се домаќински трошени и оти нема некои поголеми отстапувања во наменското трошење на парите. Судскиот буџетски совет прави напори да склучи договор со „Македонска пошта" за добивање повластени цени. Барањата на судовите за градежни и инвестициски зафати се речиси двојно поголеми од оние што се предвидени во буџетот, а речиси во почетна фаза е воведувањето на информатичката дејност во третата власт.
Претставникот на Министерството за финансии, Димитар Тодевски, оцени дека има простор за обезбедување на потребните средства и затоа нема потреба од паника. Тој побара од Судскиот буџетски совет уште еднаш да ги преиспита вкупните бројки , бидејќи како рече тие „не се во рамките на реалноста". Тој им препорача на раководители на судовите да направат поинаква распределба на средствата, за да не се доведе во прашање функционирањето на судовите. На ваквото тврдење реплицираше првиот човек на Врховниот суд, Дане Илиев, кој подвлече дека сите ставки се реално проценети и потсети дека со средствата за плати и надоместоци не управува Судскиот буџетски совет, туку Владата. Со тоа што за секое вработување се бара амин од министерот за финансии, рече Илиев, се прави „директен влез во автономијата на судството".
В.д. претседателот на Основниот суд во Кавадарци, м-р Лазар Нанев, потенцираше дека не се прават реформи на судството без пари и оти сега е вистинското време да се направи квалитетен чекор напред. Тој даде и неколку конкретни предлози, како да се направи тоа, појаснувајќи дека третата власт не бара свежи пари, туку отпис на старите долгови. Како едно од можните решенија е државата да одвои дел од годишната дивиденда што треба да ја добие од „Мобимак". Претседателката на скопска ,,единица", Добрила Кацарска праша како да функционира судот со кој таа раководи со стари долгови што изнесуваат 7 милиони денари и како да се работи со намалени трошоци од 54 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог
Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира.
Тој нагласи дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на проблемот и потврди дека интернет-поврзувањето ќе биде вратено и во амбасадите и владините министерства, објавија странските медиуми.
Арагчи, исто така, се осврна на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна воена акција доколку протестите во Иран станат насилни.
Иранскиот министер ги нарече ваквите закани „терористички чин“, тврдејќи дека изјавите на Трамп ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите и безбедносните сили со цел да предизвикаат странска интервенција.
И покрај тензиите, Арагчи заврши со помирувачка, но цврста порака: „Подготвени сме за војна, но и за дијалог“.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.

