Свет
„Наша фабрика“ се затвора, Јачев лета!
Проектот „Добри вести“ на агенцијата „Наша фабрика“ најверојатно завршува. Зоран Јачев нема повеќе да биде претседател на невладината организација „Транспарентност“.
Проектот „Добри вести“ на агенцијата „Наша фабрика“ најверојатно завршува. Зоран Јачев нема повеќе да биде претседател на невладината организација „Транспарентност“.
Ова е досегашниот епилог од аферата со тајниот проект на Владата и на „Наша фабрика“ за подобрување на имиџот на власта, во кој беа инволвирани неколку активни новинари.
Останува отворено прашањето за тоа кој и кога одлучил да го финансира овој проект и со кои пари. Ако се работи за буџетски пари, тогаш се поставува уште едно прашање: врз основа на кои критериуми е избрана токму оваа агенција. Што се однесува до Здружението на новинарите и Судот на честа на ова здружение, се уште нема никаква реакција. Во меѓувреме, продолжуваме да објавуваме уште детали од препораките на тимот од „Наша фабрика“ за, на пример Министерството за труд и социјала. Во екот на кризата со протестите на стечајците од Штип и мод Куманово во јануари годинава, експертите на „Наша фабрика“ му упатиле и ваква препорака до кабинетот на Стефче Јакимовски: „Од клиентот (Министерството за труд и социјала – н.з.) ни се потребни информации за сите стечајци, посебни стечајни групи, нивните специфични барања и што Владата може да направи во наредниот период за некои од нив.
Потребни ни се податоци за тоа колку стечајци остваруваат некакви права и надоместоци, какви се бенефиции им се дадени и колкави средства се трошат за таа намена. Да се истакнат некои апсурдни примери на некои стечајци што би ги пополниле насловните страници и би го свртеле вниманието на друга страна (на пример, некои злоупотреби, огромните надоместоци на првите стечајци итн)“.
За изборот на фирми во итни случаи, како што беше изборот на „Наша фабрика“ како најповолен понудувач за организирање на прославата на кандидатскиот статус на Македонија во ЕУ, во Владата велат дека тоа се врши врз основа на нивната база на податоци. Тоа е своевиден регистар на генералниот секретаријат на Владата на фирми по дејности, каде што за секоја фирма има своевидна „лична карта“, објаснуваат од Владата. За прославата за одбележување на кандидатскиот статус, Владата, како што веќе е објавено, собрала три понуди: од „Гејзер“, „Кино око“ и „Наша фабрика“. За најповолна била избрана понудата на „Наша фабрика“.
– Според информациите од стручните служби, за изборот на трите компании пресудни биле финансискиот и сценско-организацискиот критериум. Според информациите од стручните служби зад предлог-сценариото за прославата на кандидатскиот статус стои името на познатиот режисер Александар Поповски од фирмата „Наша фабрика“, што гарантирало успешно осмислен и изведен хепенинг – изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски на прашање на „Време“ кои биле критериумите токму од трите фирми – „Гејзер“, „Кино око“ и „Наша фабрика“ – да се побараат понуди. „Наша фабрика“ е регистрирана во мај 2005 година.
Екипа на „Време“
Јачев ќе се збогува со претседателската функција во „Транспарентност“
Во „Транспарентност Македонија“ претстои освежување на организацијата и на телата, во текот на кои најверојатно ќе биде „реконструиран“ актуелниот претседател Зоран Јачев, дознаваме од наши извори.
Во оваа организација, која е дел од „Транспарентност интернешнел“, во тек е втората редовна ревизија, по што ќе се свикаат собранието на основачите и другите органи.
Официјалниот повод за промената на чело на оваа невладина организација, велат од таму, сепак не се последните споменувања на нејзиниот претседател Јачев во врска со проектот „Фабрика“ и ангажирањето новинари во агенцијата што работела за Владата, туку редовните статутарни активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Украинската армија може да биде темел на идната европска армија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека украинската армија, со оглед на нејзиното борбено искуство, би можела да стане основа за идните обединети европски вооружени сили. Тој нагласи дека Украина е подготвена да се приклучи на таква структура по завршувањето на војната, но ја повика Европа веќе сега да ја подготви финансиската основа за задржување на искусен воен персонал.
„Искрено, сите разбираат дека денес имаме најголема и најискусна армија, со вистинско борбено искуство – меѓу сите европски армии – затоа што сме во војна. Затоа украинската армија би можела да послужи како основа за обединети европски вооружени сили. За да се постигне ова, треба да се преземат неколку чекори, но едноставно немаме време за нив во моментов“, рече тој во гласовна порака до новинарите.
🚨ZELENSKYY SAID THAT THE UKRAINIAN ARMY SHOULD SERVE AS THE FOUNDATION FOR A UNITED EUROPEAN ARMED FORCES
"Frankly, everyone understands that we have the largest and the most experienced army today, with real combat experience – among all European armies – because we are at… pic.twitter.com/HwZjAi5OOB
— Kateryna Lisunova (@KaterynaLis) January 23, 2026
„Ова вклучува правни чекори, бирократски чекори и чекори поврзани со обезбедување извори на финансирање. Немаме време за тоа бидејќи нашиот фокус е на фронтовските линии. Кога ќе заврши војната, сигурно би се приклучиле на таква структура. Што би можела да направи Европа? Она што отсекогаш сме го велеле – да се подготви целата финансиска основа сега. Имаме армија и ќе продолжиме да имаме силна армија. Но, ако сакаме да имаме дополнителни сили, знаеме дека многу луѓе ќе останат, додека други ќе сакаат да бараат различни работни места, различни плати и различен животен пат. Сепак, не сакаме да го изгубиме нивното искуство“, додаде тој.
„За да се задржи ова искуство, потребна е силна дополнителна финансиска поддршка – да се охрабрат луѓето да останат во армијата. Ова бара извори на финансирање, а Европа сигурно може да ги најде. Ова се меѓу основните чекори потребни за да се обезбеди дека луѓето со искуство ќе останат. Потоа тие ќе пренесат релевантно знаење, технологии, обука и така натаму“, заклучи Зеленски.
Свет
Мелони: Европа ќе изгуби сè во конфликт со Америка
Италијанската премиерка Џорџија Мелони застана во одбрана на Доналд Трамп на состанокот со лидерите на Европската унија оваа недела, повикувајќи на претпазливост во односите со американскиот претседател, објави Политико.
Се наведува дека таа ги повикала политичарите да не го етикетираат Трамп како „луд или непредвидлив“ и рекла дека „Европа ќе изгуби сè во конфликт со Америка“. Коментарите доаѓаат во време кога Мелони е домаќин на германскиот канцелар Фридрих Мерц во Рим.
Тој им рече на новинарите дека би бил спремен да се придружи на иницијативата на американскиот претседател „Одбор за мир“ за Газа, но дека не може да го прифати планот во неговата сегашна форма.
Свет
Данска и НАТО ги продолжуваат воените вежби на Гренланд
Воените вежби што ги спроведуваат Данска и нејзините сојузници од НАТО во Гренланд ќе продолжат во 2026 година, потврди данското Министерство за одбрана. Операцијата, која има за цел да ја зајакне безбедноста во регионот контролиран од Данска, беше започната претходно овој месец поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот, што резултираше со распоредување на воен персонал од неколку европски земји во арктичкиот регион.
Според данското Министерство за одбрана, вежбите ќе продолжат во наредните недели. Во соопштението се додава дека и други членки на НАТО изразиле интерес за распоредување извидувачки тимови во Гренланд, а нивното пристигнување се очекува подоцна оваа година.
Испраќањето војници во други земји-членки за обука е вообичаена практика во рамките на НАТО, а сојузниците, вклучувајќи ги и САД, со години се залагаат за зајакнување на заедничките вежби во близина на Арктичкиот круг. САД имаат околу 150 војници стационирани во нивната вселенска база Питуфик во северозападен Гренланд.

