Свет
Обвинителите ќе ги бараат непријавените мртви
Бидејќи нема законски механизми тоа да го стори, Министерството за правда ги задолжило обвинителите по службена должност да ја утврдат смртта на лицата над 80 години, кои починале, а не биле пријавени
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ГО ТОКМИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК
Бидејќи нема законски механизми тоа да го стори, Министерството за правда ги задолжило обвинителите по службена должност да ја утврдат смртта на лицата над 80 години, кои починале, а не биле пријавени
Министерството за правда ги задолжило обвинителите по службена должност да ја утврдат смртта на лицата над 80 години, кои починале, а не биле пријавени. Ова министерство заедно со МВР го прочистува Избирачкиот список од лица кои се починати во изминатите 10 години, од двојно запишани граѓани, изготвува и список на лица кои се надвор од Македонија, за наши државјани кои починале во странство, за оние што имаат и оние што немаат постојано живеалиште во земјава. Списоците се чистат и од граѓани со исти матични броеви. Вообичаено се појавуваат околу 100 и 200 граѓани со двојни матични броеви пред секои избори, рече вчера Загорка Тноковска од Министерството за правда.
Тноковска рече дека податоците што ќе се добијат по овие проверки ќе бидат презентирани во текот на наредната недела пред работната група составена од претставници на Министерството и политичките партии, а ќе бидат доставени и до Комисијата за Избирачки список, по што случаите ќе се расчистуваат еден по еден.
Таа пресече дека дефинитивно, не може да се задоволи барањето на опозицијата да се споредуваат податоците од Избирачкиот список со оние од пописот, бидејќи тие две категории по дефиниција се различни. Избирачко тело се сите државјани на Македонија кои живеат во земјава или се на привремена работа или престој во странство со последно место на живеење во Македонија, со наполнети 18 години и се деловно способни. Со пописот, пак, се евидентираат лица со постојано место на живеење во Македонија или се надвор од неа најмногу до една година, рече Тноковска и дополни дека никако овие бројки не може да се поклопат.
Во врска со прочистувањето на списокот од починатите лица, Тноковска посочи дека Министерството за правда ги прави проверките во селата, а МВР во градовите со вадење податоци од книгата на умрените лица, по што ќе се види кој бил починат изминатите десет години, а се водел на Избирачкиот список. Овие податоци подоцна ќе се достават до надлежните органи да се утврди фактичката состојба поткрепена со документација.
Избирачките списоци се заклучуваат откако ќе биде објавен датумот на изборите. При последното ажурирање, а по објавениот датум на изборите, се запишуваат дополнително и граѓаните кои до денот на изборите ќе имаат наполнето 18 години.
(С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски по средбата со Трамп: Чекам датум за потпишување на историскиот договор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос разговарале за прашања поврзани со противвоздушната одбрана, безбедносни гаранции и финансирање на обновата на Украина, вклучувајќи ја и областа Донбас.
Како што пренесе „Европска правда“, Зеленски појасни дека договорот за безбедносни гаранции е подготвен за потпишување и изрази надеж дека САД ќе реагираат позитивно.
„Сега чекам претседателот Трамп да предложи датум и место. Подготвени сме да го потпишеме овој документ, кој за нас е историски важен“, рече тој, додавајќи дека договорот ќе треба да биде ратификуван од Конгресот на САД и од украинската Врховна рада.
Во врска со финансиската помош, Зеленски спомена дека пакетот документи познат како „план за просперитет“ сè уште не е финализиран. „Важно е да се утврдат јасни и транспарентни извори на финансирање, затоа што токму тие ќе бидат темелот на обновата на Украина во наредните години“, истакна тој.
Тема на разговор била и областа Донбас. Според Зеленски, прашањето ќе продолжи да се разгледува во Абу Даби, каде што е најавена дискусија за ставовите на трите страни: Русија, Украина и САД.
Состанокот на Зеленски и Трамп се одржал вчера и траел околу 50 минути. Обата тима го оцениле како „добар“ и „многу добар“.
Регион
Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата
Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.
Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари.
Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни докази, бидејќи испитувањето беше ограничено на утврдување на лична изјава за волја – прашање кое, според судот, нема сложени правни пречки.
На расправата учествуваа 12 уставни судии, а за уставниот случај извести судијката Павлина Панова.
Оставката ја поднесе Радев по обраќањето до бугарскиот народ на 19 јануари, во кое објави дека се повлекува од функцијата со цел активно да учествува на претстојните предвремени парламентарни избори и евентуално да учествува во политички проект или партија.
„Инвестор.бг“ потсетува дека одлуката на Уставниот суд е историска – ова е прв случај во поновата историја на Бугарија во кој актуелен претседател поднесува оставка пред истекот на мандатот, а судот го разрешува од функцијата.
Потпретседателката Илијана Јотова автоматски ја презема функцијата нов шеф на државата до крајот на нејзиниот мандат на 21 јануари 2027 година. Таа ќе ги извршува функциите на претседател, вклучително и назначување на привремена влада и подготовка за следниот изборен процес.
Фото: ЕПА
Регион
Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград
Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.
Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.
Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.
Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.
Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.

