Контакт

Свет

Ослободителна пресуда за Чедо Петров

Објавено пред

Основниот суд во Велес му изрече ослободителна пресуда на поранешниот директорот на МХК Чедо Петров, обвинет за оштетување на претпријатието МХК „Злетово“, додека директорувал во него.

Основниот суд во Велес му изрече ослободителна пресуда на поранешниот директорот на МХК Чедо Петров, обвинет за оштетување на претпријатието МХК „Злетово“, додека директорувал во него.

Судијата Шефшет Адеми вчера информира дека пресудата била донесена на 2 март годинава, а било одлучено да биде соопштена вчера. Фирмите „Макпетрол“, „Стопанска банка“ АД Скопје, „Ветекс“ и „Игант трејдинг ЛТД“ од Кипар, како доверители на велешкото претпријатие го гонеа Петров по приватна тужба.

Претходно Основното јавно обвинителство од Велес се откажа од кривично гонење на Петров. Околу 40 фирми се откажаа од побарувањата бидејќи сметале дека се оштетени со поднесување обвинителен акт. До своите побарувања преку судски пат се обидоа да дојдат само „Макпетрол“, Стопанска банка, „Ветекс“ и „Игант трејдинг ЛТД“, кои пријавиле побарување од 1 милијарда и 400 милиони денари.

А.Г.Д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Објавено пред

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан, поради епидемијата на вирусот корона, од којшто досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени.

Министерството нареди автобусите и ферибродите кои веќе се упатуваат кон Вухан веднаш да се вратат на точката на поаѓање.

Во соопштението, Министерството ги повикува сите автобуски компании што минуваат низ Вухан веднаш да ги прилагодат своите патеки и да го заобиколат, истакнувајќи дека на патниците не треба да им се дозволува да заминат во тој град, пренесува „Ројтерс“.

Властите на Вухан, кадешто беа забележани првите случаи на вирусот корона, вчера одлучија да ги затворат сите транспортни мрежи, а на граѓаните им беше препорачано да не го напуштат градот.

Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај е суспендиран, а аеродромот и железничката станица се затворени.

Вирусот се шири од Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи со заразени лица се потврдени во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Прикажи повеќе...

Регион

По 20 дена ослободени киднапираните грчки морнари

Објавено пред

Осуммина членови на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на Камерун, западна Африка, соопшти денес Министерството за трговија на морнарицата.

Во соопштението се вели дека осум членови на екипажот, вклучително и пет Грци, на возраст од 21 до 45 години, беа ослободени по успешните преговори.

За петмина Грци, меѓу кои и капетанот, се вели дека се сo добра здравствена состојба и на безбедна локација и ќе се упатат дома по лекарски преглед, пренесува АП.

На 31 декември, пиратите го киднапирале екипажот на танкерот „Хепи лејди“, кој пловел под грчко знаме, додека бил закотвен близу пристаништето Лимбо.

Според Меѓународното поморско биро, пиратството во Гвинејскиот Залив се зголеми за 50 проценти минатата година.

Прикажи повеќе...

Свет

Вакцината против корона вирусот ќе пристигне најмалку за една година

Објавено пред

Развој на нови вакцини против корона вирусот ќе трае најмалку една година, објави Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Во Кина, бројот на заболени од корона вирусот се искачи на 517, а 17 лица починаа, соопштија кинеските власти.

Директорот на ГАВИ, Сет Беркли изјави дека експертите не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за да можат правилно да го проценат ризикот во овој момент.

„Добрата вест е дека научниците веќе го секвенцираа и објавија геномот на вирусот, што им овозможи на неколку организации во светот да почнат да работат на вакцината“, рече Беркли за агенцијата dpa.

Вакцините што би заштитиле од корона вирусот е многу полесно да се развијат отколку оние за болести како што се маларија или ХИВ, додаде тој.

Беркли рече дека, сепак, се потребни неколку месеци пред да се спроведат првите клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да биде достапна за употреба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан, поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија16 минути

Рочиштето за „Рекет“ одложено по вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Свет1 час

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус...

Македонија13 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет14 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија18 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија18 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ19 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија19 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија20 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија21 час

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија21 час

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија22 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет22 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет22 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет22 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион23 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет24 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет1 ден

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Досие