Свет
Овците трипати поскапи од луѓето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-7393.jpeg)
Македонија три пати повеќе ги цени животите на овците, коњите, ждребињата што егзистираат во земјава отколку животите на своите граѓани.
Македонија три пати повеќе ги цени животите на овците, коњите, ждребињата што егзистираат во земјава отколку животите на своите граѓани. Овој неизбежен заклучок доаѓа по споредбата на штетата од 240.000 евра што ја исплати Република Македонија на десетте семејства кои трагично загубија 12 најблиски откако беа киднапирани во вооружениот конфликт во 2001 година и од 720.000 евра што ги доби извесен скопјанец кому по грешка нашата армија му го гранатирала бачилото и при тоа му отепала 929 овци, 31 коњ и 4 ждребиња.
Министерството за одбрана за да ги растера шпекулациите околу овој случај завчера соопшти дека Македонија на Иснифарис Џемаили, сопственик на угинатата стока му исплатила околу 720.000 евра на име на штета. Оттаму додадоа дека оваа сума била резултат од повеќегодишниот судски спор во кој биле вклучени повеќе експерти и проценители. Во МО соопштија дека откако Јавното правобранителство ги исцрпило сите правни можности, Македонија на име на штета морала да ја исплати сумата од околу 720.000 евра, од кои речиси 313.000 евра се исплатени како камата поради речиси тригодишниот судски спор.
Десетте семејствата што трагично загубија 12 најблиски роднини, кои беа киднапирани во оружениот конфликт меѓу припадниците на ОНА и македонските безбедносни сили, по четири години голгота и чекање за добри и лоши вести за своите најмили поднесоа судско барање за надомест на нематеријална штета. За претрпената болка, многуте непреспиени ноќи и нарушеното здравје, Македонија пресмета дека на десетте семејства им должи по 20.000 евра или вкупно 240.000 евра за животите што трагично ги загубија 12-те Македонци.
Ванчо Шехтански, правен застапник на семејствата, вели дека тие имаат проблем да ги подигнат овие пари бидејќи е потребно да платат 10.000 евра судска такса за пресудата да стане правосилна.
Раните од вооружениот конфликт ги чувствуваат и семејствата на повеќе од загинати припадници на полицијата и армиските сили во Македонија. Државата ги исполни своите законски обврски и се обиде да им надомести на ужалените семејства со вработувања, станови и некои други финансиски и нефинансиски бенефиции. Сепак, на дел од нив Македонија се уште им должи и се уште се отворени судски постапки. Нашата држава на дел од загинатите се уште им должи барем скромни спомен обележја на локациите каде што тие беа убиени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Олимписки игри во Париз 2024: церемонијата на отворање започна со пловење по Сена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-213525-1.jpg)
Олимписките игри во Париз беа свечено отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.
Овие, 33. Олимписки игри, беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од 10.000 спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи на брегот на познатата река што тече низ главниот град на Франција.
Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.
Дожувувањето на стотици илјади гледачи низ Париз донекаде го расипа дождот, кој паѓаше цел ден во француската престолнина.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Свет
(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-195828.jpg)
Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.
A powerful explosion took place in a high-rise building in the Russian city of Ulyanovsk
Three apartments in a residential building caught fire at once. Residents of the upper floors are waving their hands and asking for help from rescuers. An evacuation is underway.
According… pic.twitter.com/NNmcy6scfu
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.
🇷🇺 A high-rise building is on fire in Ulyanovsk.
A fire broke out on the third floor of a building on Korunkova Street. According to the Base, three apartments are on fire. The entrance was heavily smoky and all residents were evacuated from the house. pic.twitter.com/7JzpTz1sg5
— * (@V141NGs) July 26, 2024
Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.
Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.