Контакт

Свет

Постапивме законски во "случајот Фершпед"

Објавено пред

Зоја Лега-Станоевска, јавен правобранител, за прозивките од Антикорупциската комисија

dobivaj vesti na viber

Зоја Лега-Станоевска, јавен правобранител, за прозивките од Антикорупциската комисија

Не чувствувам никаква одговорност, затоа што и во овој случај, како и во сите други, постапувавме совесно и професионално

 

Гордана Дувњак

 

Госпоѓо Лега-Станоевска, Антикорупциската комисија завчера јавно Ве прозва за "случајот Фершпед" и Ве обвини дека свесно го забошотувате овој случај. Дали е точно дека повеќе од три години непотребно сте ја одложувале постапката?

– Одговорно тврдам дека Јавното правобранителство постапувало во согласност со своите законски овластувања и во однос на овој случај и за другите. За нас "случајот Фершпед" има ист третман како и сите други кон кои се посветуваме со сето наше должно внимание. Но, сакам да потенцирам дека во конкретниот предмет немало никакво одолжување на постапката, ниту свесно, ниту несвесно. Во текот на 2005 година, Јавното правобранителство постапуваше по околу 47.000 предмети, меѓу кои има и за многу други фирми кои се приватизирани по сличен модел.

Зошто е земен предвид само последниот извештај на Управата за јавни приходи, а не и претходните два извештаја во кои, наводно, се утврдени голем број неправилности во начинот на приватизирање на "Фершпед"?

– Во почетокот сакам да појаснам дека не постојат никакви три извештаи. Земен е предвид само извештајот на УЈП од декември 2005 година, бидејќи само тој е поднесен од овластен предлагач. Законот јасно пропишува кој може да побара контрола на законитоста на процесот на трансформацијата на претпријатијата со општествен  капитал: јавниот правобранител, јавниот обвинител, инспекциските служби и Агенцијата за приватизација. Барањето за контрола, кое се спомнува од јули 2002 година, е поднесено од неовластен орган (МВР).

Дали има големи отстапувања во последните два извештаја?

– Јавното правобранителство ја ценеше содржината само на последниот извештај бидејќи, како што веќе  спомнав, претходниот беше поднесен од неовластен предлагач.

Кога првпат "случајот Фершпед" го документиравте како посебен случај?

– Предметот датира од август 2002 година, а јас функцијата ја презедов на 1 јануари 2003 година. Со решение на Владата од 27 август 2002 година, решението на Комисијата за приватизација на Владата на РМ од 24.1.1995 година е прогласено за ништавно  со кое е дадена согласност за доприватизација на АД "Фершпед"  според моделот  продажба на претпријатие на лица кои го преземаат управувањето. Водена е управна постапка пред Врховниот суд во која е поднесено решение за поништување на владината одлука. 

Дали е точно дека лицата што го презеле управувањето на "Фершпед" ги немале откупено  законски потребните над 10 отсто од проценетата вредност на капиталот, туку само 3,66 отсто?

– Тоа е точно. Агенцијата за приватизација, како овластена институција, на 23 август 2004 година му наложи на "Фершпед" да ги отстрани констатираните пропусти. АД "Фершпед" постапило според решението и ги отстранило неправилностите, по што продолжила постапката за доприватизација.

Антикорупционерите забележуваат и околу тоа дека 51 отсто од капиталот на "Фершпед" бил на Јавното претпријатие "Македонски железници", кој не можел да биде предмет на приватизација

– Ваквата констатација на Антикорупциската комисија не произлегува од извештајот на УЈП.

 

Сепак, и покрај завршувањето на процесот на доприватизација во ова претпријатие, Антикорупциската комисија меѓу првите случаи го отвори токму  "случајот Фершпед", со иницијатива до Вас за поведување постапка пред надлежниот суд  за поништување на приватизацијата?

– По поднесената иницијатива, ние  како  институција побаравме од УЈП да изврши контрола на законитоста на спроведената постапка во "Фершпед".Од добиениот извештај се гледа дека нема оштетување на општествениот капитал, затоа што не постои оправдано сомневање дека во постапката се направени битни повреди на законот.

Дали тоа значи дека за Вас овој случај е затворен?

 

– Со допис ја известивме Антикорупциската комисија за заклучоците од извршената  контрола. Во оваа фаза на постапката, за нас овој предмет е завршен.

Дали чувствувате некаква одговорност за она што Ве обвинува Антикорупциската комисија?

– Не чувствувам никаква одговорност затоа што и во овој случај како и во сите други постапувавме совесно и професионално и во согласност со законските овластувања. Оцените на антикорупционерите се нивно субјективно мислење.

Постојано Ве поврзуваат како некаков дел од постоењето на некакво  "влашко лоби" што треба да биде главниот аргумент за објаснување  на некои случаи?

– Под нивото на моето лично и професионално достоинство ми е да коментирам вакви тврдења.

Какви се Вашите релации со господинот  Штерјо Наков и дали некогаш сте имале политички или друг вид притисоци за да постапите на одреден начин?

– Господинот Наков не го познавам лично. Не сум имала никакви притисоци ниту од него, ниту од кој било друг.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена

Објавено пред

Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.

Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“

Објавено пред

Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.

dobivaj vesti na viber

Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.

Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.

„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ симнат од респиратор

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.

„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија6 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ7 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија9 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија11 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија11 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија14 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија14 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија14 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија15 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија15 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија15 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија16 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија16 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет20 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет20 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет21 час

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет21 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа21 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет21 час

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...