Свет
Прчевски се вози во конфискувани возила
Ревизорите укажуваат на многу неправилности во работата на седумте јавни обвинителства во државава
Ревизорите укажуваат на многу неправилности во работата на седумте јавни обвинителства во државава
Сметководството препуштено на архивари, уписничари место на сметководители
Првиот човек на Обвинителството, Александар Прчевски, се вози во конфискувани возила. Во возниот парк на Јавното обвинителство на Македонија владее вистински хаос. Со пререгистрирање на запленетите автомобили јавниот обвинител успеал прилично да го збогати службениот паркинг. Ги имало премногу за Обвинителството, па ќарот од вишокот, со преотстапување, го виделе и хиерархиски пониските – некои виши и основни обвинителства. Службените возила најчесто стекнати со конфискација по завршена судска постапка или со одлука на Влада можеле да се користат само привремено, но не и трајно да се преотстапат. Овие неправилности ги констатирале ревизорите, ѕиркајќи цели два месеца во поединечните финансиски книги на седумте јавни обвинителства во државава во 2004 и во документи од минатата година. Директната одговорност за неправилностите во работењето ја сноси првиот човек на Обвинителството, Александар Прчевски.
"Службените возила не секогаш се евидентирани во сметководствената евиденција на основни средства според сопственоста. Ваквата состојба влијае на нереално искажување на вредноста на материјалните средства во поединечните годишни сметки по обвинителства и во консолидираната годишна сметка", укажува главниот државен ревизор, Драгољуб Арсовски. Препорачува да се направи попис на возилата по обвинителства, пописни листи за туѓите автомобили и усогласување на книговодствената со фактичката состојба според сопственоста.
Интересно е тоа што вработените во Обвинителството се одморале и се рекреирале во станови во Охрид за кои во текот на 2003 и 2004 биле платени 77.000 денари државни пари. Меѓутоа, Заводот за ревизија не можел да утврди во чија сопственост биле становите, бидејќи за користењето не бил склучен договор со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во Охрид. Значи, немало ниту имотен лист, ниту извршен попис, ниту договор за закуп. "Не е утврден сопственичкиот статус на становите. Добиените фактури од ЈП за станбен простор – Охрид и наплатените средства за престој се на посебна благајна кај ЈО на Македонија. Не може да се потврди остварениот приход и да се даде препорака за правилно евидентирање на становите", заклучува ревизорот во својот извештај.
Кога станува збор за Прчевски, тој бил многу галантен функционер и двапати плаќал за исти услуги. На фирмата "АГ ССМ" потрошил 100.000 денари за репрезентација, иако овие трошоци веќе биле предвидени со договорот. Ревизијата укажува на прекумерно трошење пари за хигиена, чуварски служби, комунални услуги. За тековно одржување на деловен простор, закупнина, струја, вода, одржување, лифтови, Основното јавно обвинителство – Скопје склучило договори со Советот на ССМ и фирмата "АГ ССМ" на околу 11 милиони денари. Овие високи бројки се провлекуваат повеќе од седум години. Ревизорите оценуваат дека трошоците се огромни и дури предлагаат начин за нивно намалување, сугерирајќи Обвинителството да се смести во простории кои би биле сопственост на државата. За набавки на канцелариски материјали и мебел, за поправка и сервисирање возила и опрема, како и за молерофарбарски услуги нема соодветни документи -испратници, работни налози, сметкопотврди со кои би се покриле трошоците.
Прчевски нема назначено внатрешен ревизор, ниту одговорни сметководители по обвинителства. Државните ревизори утврдиле дека во некои обвинителства сметководството било препуштено на архивари, уписничари и надворешни лица наместо на сметководители. Еден вработен истовремено се занимавал со сметководство, ликвидатура и благајна, а контролорите предупредуваат дека тоа може да произведе злоупотреби и несовесно користење на средствата и имотот на јавните обвинителства. Актуелниот јавен обвинител ги избегнувал тендерските постапки и го кршел Законот за јавни набавки. Набавил плакари за 202.000 денари, а за да ја избегне законската процедура, трошокот го поделил на три дела. Слични аномалии се констатирани и за вариолајт завеси во вредност од 49.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.
Свет
Туск упати итен апел до полските граѓани: „Ве молам веднаш да го напуштите Иран“
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше до сите полски граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата поради растечката опасност од потенцијален конфликт.
„Ве молам, веднаш напуштете го Иран и под никакви околности не одете во оваа земја. Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за конфликт е многу реална“, рече Туск за време на посетата на полигонот за обука на Воениот институт за технологија на оружје во Зјелонка, каде што во исто време се одржаа отворени тестови на беспилотни системи за оружје, објави порталот „Виадомосци“.
Туск беше придружуван од министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш и заменик-министерот Цезари Томчик, а за време на настанот одржа и интервју со медиумите.
Тој нагласи дека „за неколку часа, можноста за евакуација ќе биде отежната“, укажувајќи на потенцијалната итност на ситуацијата.
Туск ги предупреди граѓаните сериозно да го сфатат овој апел, потсетувајќи на „лошите искуства од минатото“.
„Ве молам да го сфатите ова многу сериозно. Имавме лоши искуства во минатото, а некои луѓе ги игнорираат овие апели“, нагласи полскиот премиер.
Свет
Британски пар осуден на 10 години затвор во Иран за шпионажа, со мотор патувале низ светот, судењето траело само три часа
Британските државјани Линдзи и Крег Форман се осудени на 10 години затвор во Иран по обвинение за шпионажа. Парот беше уапсен во јануари минатата година додека патуваа низ светот со мотоцикл, а нивното семејство тврди дека пресудата е донесена по тричасовно судење на кое не им било дозволено да ја презентираат својата одбрана, пишува „Скај њуз“.
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ја осуди пресудата како „тотално ужасна и тотално неоправдана“. „Неуморно ќе го следиме овој случај со иранската влада сè додека не ги видиме Крег и Линдзи Форман безбедно вратени во Велика Британија и повторно обединети со своето семејство“, рече таа.
Парот од Источен Сасекс, кој се наоѓа во затворот Евин во Техеран, ги негира обвинувањата. Нивното семејство верува дека оваа казна го рангира случајот „меѓу најстрогите политички мотивирани притворања на британски државјани во Иран“.
Џо Бенет, син на Линдзи Форман, рече дека двојката била „осудена на 10 години по судење кое траело само три часа и на кое не им било дозволено да презентираат одбрана“.
„Тие постојано ги негираат обвинувањата. Не видовме докази што го поддржуваат обвинението за шпионажа“, додаде Бенет. Тој истакна дека двојката веќе поминала повеќе од тринаесет месеци во притвор. „Длабоко сме загрижени за нивната благосостојба и недостатокот на транспарентност во правниот процес“, рече тој.
Бенет ја повика британската влада да „дејствува решително и да ги искористи сите достапни опции за да обезбеди нивно ослободување“.
Пресудата следеше по сослушувањето одржано на 27 октомври 2025 година пред судијата Аболгасем Салавати во 15-от оддел на Исламскиот револуционерен суд во Техеран.
Судијата Салавати претходно беше санкционирана од Велика Британија, САД и Европската унија за кршење на човековите права и водење судења кои беа меѓународно критикувани за недостаток на правична постапка.
Пред изрекувањето на пресудата, Крег Форман опиша како бил држен во „ќелија од два метра со дупка на подот и мијалник“.
Тој зборуваше за последиците од 57 дена поминати во самица. „Емоционално и физички, ме скрши“, изјави тој и додаде дека се одржува во живот преку месечни состаноци со неговата сопруга.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија моментално ги предупредува граѓаните да не патуваат во Иран поради „значителниот ризик од апсење, испрашување или притвор“.

