Свет
Овците биле три пати вештачени

Во случајот "бачило" за Јавното правобранителство нема политика, а тоа презело се што е потребно да се заштитат државните интереси
ЈАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗОЈА ЛЕГА НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ "БАЧИЛО"
Во случајот "бачило" за Јавното правобранителство нема политика, а тоа презело се што е потребно да се заштитат државните интереси
Јавниот правобранител Зоја Лега Стојановска вчера ги негираше информациите дека во случајот "бачило" штетата била нереално проценета и детално објасни како е пресметана сумата за отштета од над 25 милиони денари, демантирајќи ги информациите дека една овца била проценета на 700 евра.
"Во судска постапка врз основа на изнесените докази од три вештачења, утврдено е дека тужителот претрпел материјална штета за која државата, односно Министерството за одбрана, е задолжено да плати вкупен износ од 25.177,868 денари со законска камата сметано од денот на поднесувањето на тужбата до денот на исплатата, како и трошоци во постапката во вкупен износ од 206.180,000 денари. За уништени 929 овци е исплатен износ од по 4.300 денари за една овца, а не како што се шпекулира 700 евра за една овца, за уништени 31 коњ износ од по 13.630 денари за еден коњ и за четири ждребиња износ од по 7.847,00 денари за едно ждребе, за изгубена заработувачка за 81.285 килограми сирење, износ од по 250 денари за кило сирење и за уништени 2.720 канти сирење, износ од по 150 денари за една канта", рече Лега Стојановска.
Разликата меѓу досудената сума од 25.177.868 денари до исплатените 44.464.584 денари се однесува на пресметана камата во износ од 19.310.000 денари и судски трошоци во износ од 206.180 денари, појасни јавниот правобранител. За спорот со Врховниот суд, Лега рече дека за тоа треба да се праша токму Врховниот суд.
Според Лега, пресметката на каматата е извршена од овластена банка, преку која е наплатено побарувањето, а исплатено од Министерството за одбрана, врз основа на решение од судот.
Лега не мисли дека е жртва на политиката и рече дека не чувствува никаква одговорност затоа што работела чесно и совесно. Таа објасни дека случајот "бачило" е граѓански спор за надомест на штета, причинета од воените дејства од 2001 година по тужба од физичко лице против Министерството за одбрана поднесена во судот на 11 декември 2001 година. (Е.З.) Фото: В. Тануровски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.