Свет
Каде отиде провизијата од продажбата на „ЕСМ дистрибуција“?
Дистрибуција“ се продаде со меѓународен тендер и трансакцијата на Берзата беше само техничка реализација, вели министерот Фатмир Бесими
Брокерите и банкарите прашуваат
„Дистрибуција“ се продаде со меѓународен тендер и трансакцијата на
Берзата беше само техничка реализација, вели министерот Фатмир Бесими
Владата ги налути брокерите во земјава бидејќи ги исклучи од берзанската трансакција на 175,2 милиони евра, кои во петокот ги уплати австриската компанија ЕВН за купување на „ЕСМ дистрибуција“. Дознаваме дека брокерските куќи преку својата групација во Стопанската комора наскоро ќе објавата официјална реакција за овој случај.
Нивниот револт се должи на тоа што изгубиле најмалку 1,1 милион евра зашто не посредуваа во трансакцијата.
Од целата постапка се исклучени и банките бидејќи парите се префрлени во девизи на посебна сметка во Народната банка. Ако се конвертираа во денари во некоја банка, таа ќе заработеше провизија од најмалку 175.000 евра и курсна разлика од минимум 420.000 евра.
Банкарите сметаат дека оваа трансакција се коси со Законот за платен промет, кој налага сите плаќања во земјава да се вршат во денари и да поминат низ некоја од домашните банки.
Брокерите не знаат зошто Владата се решила на ваков чекор, за што била донесена и посебна владина одлука.
Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека блок-трансакцијата не прекршува ниеден закон, ниту берзанските правила. Тој тврди дека постапката е во согласност со Законот за продажба на државен капитал.
– Продажбата на „Дистрибуција“ одеше преку меѓународен тендер и трансакцијата на Берзата беше само техничка реализација. Парите влегуваат во девизните резерви како прилив на девизната сметка. Тие пари не се пуштаат во промет и не мора да се претворат во денари – вели Бесими.
Министерот вели дека при оваа трансакција провизија зеле само Македонската берза и Централниот депозитор, а таа била платена од купувачот.
Директорот на Берзата, Иван Штериев, не кажува колкава провизија наплатила оваа институција. Тој ја целата постапка оправдува со владината одлука и со Законот за трансформацијата на ЕСМ.
– Берзата и Депозиторот ја комплетираа постапката од претходно завршениот меѓународен јавен тендер што го водеше Владата. Овие две институции беа вклучени во целата постапка како технички сервис – вели Штериев.
Здружението на граѓаните „Акционер“ смета дека берзанската трансакција за „ЕСМ дистрибуција“ е незаконска и не е во согласност со Законот за хартии од вредност и бара да се поведе постапка за нејзино поништување.
„Трансакцијата не е законска бидејќи не се направени купопродажни налози од брокер. Комисијата за хартии од вредност треба да поведе постапка за поништување на трансакцијата“, соопшти „Акционер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.
Свет
САД дозволија евакуација на дел од персоналот од Кипар, Јордан и Пакистан
Американскиот Стејт департмент ги овласти службениците на американската влада кои не се вклучени во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар поради конфликтот поврзан со Иран.
Мерката е донесена поради ограничената можност на амбасадата на САД во Никозија да им помогне на американските државјани.
Во исто време, амбасадата на САД во Јордан ги откажа состаноците и им наложи на вработените и на американските државјани да побараат засолниште. Патничкиот совет за Јордан е на ниво „преиспитајте го патувањето“, поради ризици од тероризам и вооружен конфликт.
Стејт департментот нареди и персоналот што не е неопходен во конзулатите во Карачи и Лахор во Пакистан да ја напушти земјата со своите семејства.
Одлуката следува по протестите во Карачи, при кои биле убиени 10 лица и повредени околу 60, откако демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесе Ал Џезира.

