Свет
Заробени милион празни ЦД

Само на еден од големите узвозници на празни дискови во магацин му стојат околу 600.000 дискови кои се обидел да ги увезе откако почнала акцијата против пиратеријата ви која секој увезен диск мора да се декларира
БУЧКО ЗАБРАНИ ПИРАТЕРИЈА ДО ИЗБОРИ
Само на еден од големите узвозници на празни дискови во магацин му стојат околу 600.000 дискови кои се обидел да ги увезе откако почнала акцијата против пиратеријата ви која секој увезен диск мора да се декларира
Во акцијата за спречување на пиратеријата, што почна пред еден месец, околу еден милион празни компакт дискови се задржани на граница, затоа што немале декларација. Пазарната инспекција вели дека ги исчистила пазарите од пиратски снимени ЦД со филмови и музика токму затоа што не дозволува во земјата да влезат дискови на кои не е испишана фирмата и адресата на увозникот и извозникот.
"Акцијата почна од 24 февруари, по заклучок на Владата. Претходно, Пазарната инспекција, МВР и Царината направија анализа на состојбата. Сега, секој празен диск што се увезува мора да има декларација. Кога инспекторот ќе затекне пиратски снимено ЦД, а на него е напишан увозникот, тој ќе каже кому му го продал и ќе се открие кој го лиферувал пиратскиот материјал. Оттука потекнува и отпорот да се испечати увозникот на секое ЦД. Претходно, тие што ќе ги фатевме со пиратски копии, добиваа прекршочни пријави, но не се сузбиваше проблемот", вели директорот на Пазарната инспекција, Никола Колевски.
Инспекторите секојдневно ги контролирале ударните пунктови каде досега се продавале пиратски снимени дискови – на пазарите и на влезовите во трговските центри, пред Камен мост. Велат дека во помалите градови веќе е сузбиена продажбата на улица, а дека во Скопје можат да се најдат инцидентно. "Но, кога граѓаните ќе пријават, веднаш излегуваат инспектори на терен", велат во Пазарна инспекција.
Имало бројни реакции од увозниците. Само на еден од големите узвозници на празни дискови во магацин му стојат околу 600.000 дискови кои се обидел да ги увезе откако почнала акцијата против пиратеријата. Тој ни изјави: "Иста акција покренаа и Хрватска и Црна Гора, ова не е наша измислица. Нашите власти донесоа "инструкција" и почнаа да бараат декларации. Сега се најавува воведување на допонителна давачка од 3 денари по ЦД на увоз. Точно е, мене ми стојат во магацин голем број дискови, на дел испечатив декларации а дел ќе ги дадам за извоз", вели соговорникот.
Увозниците на празни дискови објаснуваат оти токму пред да стартува акцијата во Македонија влегле голема количина празни ддискови, преку две фирми, и дека сега на пазарот се трошат нивните. Кога ќе се потрошат, увозниците најавуваат дека ќе се зголеми шверцот на празни ЦД, посебно од Косово, зашто цената таму е пониска, а со дополнителната давачка, кај нас ќе бидат поскапи легално увезените празни ЦД.
(А.С.)
***
1.000 евра дневен ќар
Македонската влада доби забелешки од ЕУ за високото ниво на пиратерија. Пред неколки месеци, претставници на Унијата спиеле во хотелот покрај Камен мост, а карши нив, покрај мостот, си купиле пиратски снимени материјали од дисковите распослани на неколку маси на склопување. После никој од Владата не можел да ги убеди дека се бориме за заштита на авторски права.
Познавачите на состојбата велат дека токму на масите покрај Камен мост, со продажба на пиратски ЦД и ДВД може да се заработи дневно и до илјада евра. "Математиката е проста. Дневно продава и до 400 ЦД, по 1,5 евро заработка, тоа се 600 евра ќар. Кога на тоа ќе се додаде заработката од продадените ДВД, ете ти 1.000 евра", вели нашиот извор. набавната цена на еден диск е 7 денари а пакувањето чини 6 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.