Контакт

Свет

Шверцот на цигари расцвета на југ

Објавено пред

Шверцот на цигари во земјава најмногу се одвива преку границата на Македонија со Грција, особено на гевгелискиот премин Богородица, тврдат за „Време“ извори во МВР и во Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

Дејан Николовски

Шверцот на цигари во земјава најмногу се одвива преку границата на Македонија со Грција, особено на гевгелискиот премин Богородица, тврдат за „Време“ извори во МВР и во Царинската управа.

 

Нашите извори велат дека откако цигарите ќе влегле во земјава, се складирале во магацини, распоредени на неколку тајни локации во јужниот дел на Македонија.

 

На завчерашната седница во собранието, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до премиерот Владо Бучковски, што се случило со 20 тони цигари запленети на граничниот премин кај Гевгелија и што барал Захарие Ќуркчиев, брат на генералниот секретар на СДСМ Никола Ќуркчиев, во ресторан во Петрич со браќата Артемидас, државјани на соседна Грција, кои биле фатени во шверц на 10 тони цигари.

 

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, го праша премиерот и дали по налог на Ќуркчиев се заташкал случајот со 20 тони цигари запленети кај Гевгелија. Таа од говорницата рече дека зголемена била фреквенцијата на камиони со двојни документи, кои се движеле од Деве Баир кон Дојран, а биле обезбедувани од ДБК и од припадници на полициската единица „Тигри“.

 

– Дали бугарската и грчката мафија платиле пет милиони евра за Бучковски и претседателот Бранко Црвенковски да дозволат транзит на 225 шлепери од Бургас преку граничниот премин Деве Баир за Косово? – праша Бонева.

 

Бучковски пак одговори дека македонското МВР соработувало за решавање на случајот „Докторот“, во кој биле вмешани функционери од ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога министер за финансии беше сегашниот лидер Никола Груевски.

 

– Кога ќе одговорите на овие прашања, може да зборуваме за доктори и за пациенти. Во случајот вие сте пациенти, бидејќи МВР соработуваше во големата акција за Докторот, каде што ВМРО-ДПМНЕ беше посочена за организатор на шверцот со цигари. Во тоа време на функцијата министер за финансии беше Груевски. Не може директорите на Царинската управа или на УЈП да прават нешто, а министерот за финансии да не знае – рече Бучковски.

 

Српскиот неделник „Време“ на 2 март годинава, само десетина дена по убиството на Бугаринот Иван Тодоров-Докторот, објави дека шверцот на цигари од Бугарија во Македонија се одвивал преку поранешниот директор на македонската царина, Драган Даравелски. Според текстот на неделникот, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога министер за финансии бил Никола Груевски, Докторот во Македонија успеал да испере околу 50 милиони тогашни германски марки.

 

„Драган Даравелски, кој во Македонија поседува 14 компании, од шверцот со цигари заработи десетина милиони евра и влезе во бизнис со српската мафија во шверц на течни горива. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта во Македонија во 2002 година, многу информации за бизнисот со цигари стигнаа во Софија што резултираше со кривични пријави за Иван Тодоров и за уште неколку лица“, објави неделникот „Време“.

 

Црвенковски: Бонева кажа ноторни глупости

 

Претседателот Бранко Црвенковски ги оцени како ноторни глупости тврдењата на Силвана Бонева, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на завчерашната собраниска седница.

 

– Ништо не е точно од тоа. Се работи за ноторна глупост, што навистина не заслужува никаков коментар.

 

Она што мене ме загрижува е како што тргнаа работите, пред избори ќе се изнагледаме вакви работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман

Објавено пред

Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.

dobivaj vesti na viber

„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.

Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.

Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.

Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

Прикажи повеќе...

Свет

Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото

Објавено пред

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.

„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.

„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.

Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.

Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.

„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.

Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.

„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија52 минути

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија53 минути

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија1 час

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија2 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија2 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија4 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија4 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет6 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет6 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет6 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет7 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет7 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет7 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет8 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија16 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија17 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ18 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија20 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...