Свет
Пресудата за „Бачило“ еднаш била укината поради неправилности
Вториот заменик-јавен правобранител, кој ја застапувал државата, не поднесол жалба против втората пресуда, иако била донесена врз исти основи, смета антикорупциската комисија
ИЗВЕШТАЈ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА
Вториот заменик-јавен правобранител, кој ја застапувал државата, не поднесол жалба против втората пресуда, иако била донесена врз исти основи, смета антикорупциската комисија
Скопје ја укинал првата пресуда отштетата од околу 720 илјади евра за случајот „Бачило“ поради суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно утврдена штета и неправилно пресметана камата. Но, откако Основниот суд 1 во Скопје повторно донесол слична пресуда за штетата, Јавното правобранителство не поднесло жалба. Тоа се главните констатации во Извештајот на Државната комисија за спречување корупција, по увидот во комплетната документација за случајот на отштета за бачило ракетирано во конфликтот. Во извештајот се истакнува дека до жалбата до Апелацискиот суд државата ја застапувал еден заменик на јавниот правобранител, а потоа друг.
„Со вештачењата не е утврдена вкупната количество изгубено млеко, односно сирење, како ни вкупниот број на загинатите овци“, се истакнува во извештајот.
Во ниедно од трите вештачења посочени во списите за случајот предмет на вештачење не бил бројот на уништениот добиток, туку просечната цена на едно животно. Приватна агенција за вештачење, посожена во документацијата, демантираше дека го вештачела тој предмет.
Судот го одредил бројот на уништените овци, коњи и количеството сирење врз основа на ветеринарни потврди од ветеринарната станица „Еуровет“ од тетовско Камењане. Сумата од 727 илјади евра, која присилно била наплатена од сметката на Министерството за одбрана на крајот на 2004 и во почетокот на минатата година се однесувала на 929 убиени овци, 31 коњ, четири ждребиња, сирење и канти за сирење, како и камата од денот на поднесување на тужбата.
Според увидот во документацијата, спорно е дали настанот воопшто се случил, колкава била штетата, висината на каматите и зошто Јавното правобранителство не поднесло жалба за пресуда што еднаш била укината од Апелацискиот суд во Скопје.
Сопственикот на бачилото, Иснифарис Џемаили од Камењане, во декември 2001 година поднесол тужба против Република Македонија за надомест на штета што му ја направил борбен хеликоптер на АРМ, кој го ракетирал неговото бачило на 27 јуни 2001 година. Џемаили барал отштета за вкупно 795 овци, 35 коњи, 3.886 канти сирење и за 1.834 празни канти за сирење. Како доказ била предложена службена белешка од полициска станица „Шар Планина“ од увид на 28 јуни 2001, ден по ракетирањето, и изјави на полицаец и тројца овчари.
Антикорупциската цитира службена белешка број 246 од18 октомври 2001 година на полициски потпоручник од станицата, кој отишол кај бачилото. При тој увид не било извршено фотографирање на местото. Полицискиот офицер напишал:
– Објектот, кој се наоѓа на предниот дел од бачилото, кое е од тврда градба, е видно оштетен, односно просториите каде што е правено и чувано сирењето, што укажува дека се целосно уништени. На 200 метри од бачилото се гледа кратер од поголем размер во и околу кој беа расфрлани телата на поголем број овци. По кажување на оштетениот, во објектот имало околу 2.000 канти сирење, кои се целосно уништени и неупотребливи, усмртени се околу 280 овци, а 50 овци се со видливи оштетувања без можност да преживеат. На источниот дел на објектот имаше околу осум трупа на коњи и четири ждребиња.
Но, Министерството за одбрана во ноември 2002 година, доставило извештај до судот, во кој пишува:
– Според добиениот извештај од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, хеликоптери на АРМ што вршеле воздушен транспорт не биле вооружени, а во извештајот на МВР е посочено дека хеликоптерите дејствувале со проектили со голема разорна моќ. Хеликоптерите на АРМ не располагаат и не се опремени со таков тип проектили.
Во МВР не го коментираат случајот бидејќи минал во судска надлежност, но потврдуваат дека службена белешка не е исто што и увид. Во Министерството за одбрана повторуваат дека судот не ги зел предвид информациите што тие му ги доставиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

