Свет
Минчо Јорданов го тужи „Дневник“
Минчо Јорданов вчера соопшти дека ќе го тужи „Дневник“ за клевета изнесена во текстот „Владата со 400.000 евра ја електрифицира пругата на Минчо“, објавен на 29 март годинава.
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ на суд Ќе ги брани Честа и угледот
Минчо Јорданов вчера соопшти дека ќе го тужи „Дневник“ за клевета изнесена во текстот „Владата со 400.000 евра ја електрифицира пругата на Минчо“, објавен на 29 март годинава.
Јорданов тврди дека насловот и дел од текстот содржат „невистинити податоци со кои се дезинформира јавноста и се извртува вистината“ и дека со тоа биле оштетени неговата чест и углед и компанијата „Макстил“.
Ниту Јорданов ниту „Макстил“ досега не ги демантираа информациите објавени во „Дневник“. Од Јорданов беше побарана изјава пред објавувањето на текстот. На прашањето од нашата новинарка дали во случајот има конфликт на интереси поради неговата вицепремиерска функција – тој одговори: „Конфликтот на интереси е во твојата глава“.
Информацијата дека Владата одобрила пари за електрификација на пругата до компанијата „Макстил“, во која Јорданов беше претседател на Одборот на директори, ја потврдија двајца директори на јавното претпријатие „Македонски железници“.
„Дневник“ сепак погреши во пресметката: во текстот пишува дека Владата одобрила 24 милиони денари (400.000 евра), а во „Службен весник“ е објавено дека Владата одобрила 30,7 милиони денари (500.000 евра) за електрификација на пругата Маџари-Железара Југ и на станицата Железара Југ.
Таа железничка делница води до фирмите во скопската железарница во која работат погоните на „Макстил“ и на „Митал стил“. Од железница тврдат (објавено во нашиот текст) дека „Макстил“ ќе ја користи тазе електрифицираната пруга, бидејќи „Митал стил“ ја користи линијата Скопје Север.
Апсурдни обвинувања
Во магацините на мојата фирма никогаш не биле пронајдени шверцувани цигари, децидно тврди Драги Попов, кого ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека е една од главните алки во организираниот шверц на цигари.
– Јас сум стопанственик уште од 1983 година, кога Бичиклиски бил се’ уште ученик. За сиве овие години Никола Ќуркчиев во просториите на „АБЦ“ влегол само еднаш и тоа по службена работа. Обвинувањата се ноторна лага и веднаш ќе се консултирам со адвокат дали да тужам за клевета – вели Попов.
Демант стигна и од Кичево. За Миле Симјановски, сопственик на пицеријата „Мини“, изнесените бројки се апсолутно нереални:
– Подготвени сме да ја дадеме на увид целата документација за нашето работење со РЕК „Осломеј“ за да се види дека таквите суми се апсурдни. Обвинувањата се во функција на политичка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венецуела прифати месечен надзор: буџетот ќе оди на одобрување во Вашингтон
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека привремената влада на Венецуела се согласила секој месец да го доставува својот буџет на одобрување до Соединетите Американски Држави.
Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио рече дека американската влада одлучува за што може да се користат средствата, во рамки на она што го опиша како „краткорочен механизам“. Тој додаде дека венецуелските власти ветиле значителен дел од средствата да го искористат за набавка на лекови и опрема директно од Соединетите Држави, оценувајќи дека раководството на Венецуела било „многу кооперативно“.
Американските сили на почетокот на јануари ја нападнаа Венецуела и го заробија нејзиниот авторитарен лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, со што земјата беше вовлечена во политички превирања.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја ревитализира венецуелската нафтена индустрија и најави големи придобивки и за себе и за народот на Венецуела. Тој по пучот изјави и дека има намера привремено да управува со земјата, без да прецизира како тоа би изгледало.
Соединетите Држави во моментов соработуваат со потпретседателката на Венецуела Делси Родригез, која ја презеде функцијата привремена претседателка на земјата.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.

