Контакт

Свет

Љубе Бошковски му дал државјанство на најпознатиот албански криминалец

Објавено пред

Решението со кое албанскиот криминалец Алфред Шкурти, алијас Алдо Баре, добил македонско државјанство го потпишал поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, пренесува весникот „Газета шќиптаре“.

dobivaj vesti na viber

СПОРЕД АЛБАНСКИОТ ВЕСНИК „ГАЗЕТА ШЌИПТАРЕ“

Решението со кое албанскиот криминалец Алфред Шкурти, алијас Алдо Баре, добил македонско државјанство го потпишал поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, пренесува весникот „Газета шќиптаре“.

Постапката за добивање македонско државјанство била регуларна, но врз основа на фалсификувани документи. Според албанскиот весник, Бошковски веднаш потоа издал и наредба со која Баре добил и македонска патна исправа под името Микел Нико Кодра, роден на 25 февруари 1970 година во Фиер, Албанија. Алдо Баре, кој беше уапсен пред две недели во Турција, го бараа албанската и италијанската полиција за поголем број убиства, киднапирања и за трговија со дрога.

Решението за државјанство било евидентирано под број 18-430201/1-2002 од 18 септември 2002 година, а било објавено и во „Службен весник на РМ“. Според албанската полиција, која е многу задоволна од соработката со македонските колеги во расветлување на случајот, добивањето на македонските документи било регуларно врз основа на фалсификувани документи. Баре во 2002 година преку еден свој пријател Македонец доставил документи и барање за македонско државјанство за себе и за својата љубовница, на кои имало печат од невладина организација од Подградец, а врз основа на потврда за македонска национална припадност. Откако добил македонски документи, криминалецот веднаш обезбедил македонски пасош и за својата љубовница Данида Кодра, со која живеел во периферијата на Скопје. Весникот тврди дека Баре имал и изолирана вила во Гостивар и оти имал поддршка од авторитети во Македонија од албанска националност. Тие го штителе криминалецот поради што Баре успеал да и’ избега на македонската полиција во април минатата година.

Алдо Баре беше уапсен пред две недели во Анкара во Турција. Во моментот на апсењето поседувал фалсификуван македонски пасош на име Артур Салабанда. Со патната исправа на име Микел Кодра, Баре патувал и во Романија преку Бугарија, а го користел исклучиво граничниот премин кај Крива Паланка.

Се очекува Алдо Баре да биде екстрадиран во Албанија деновиве. Негова екстрадиција, покрај Албанија, бара и Италија. И двете земји го товарат за тешки кривични дела, а во Албанија и за повеќе убиства. Според пишувањата на албанските весници, бандата од Лушња“, како што ја нарекуваат, најсилни бази за чување дрога имала во Македонија, но и во Бугарија и во Турција. (В.Т.) n



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

Објавено пред

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

dobivaj vesti na viber

„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.

Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.

„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.

Прикажи повеќе...

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Објавено пред

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.

dobivaj vesti na viber

– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.

Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.

– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.

Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.

– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.

На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.

Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.

Прикажи повеќе...

Регион

Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер

Објавено пред

Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.

dobivaj vesti na viber

Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.

Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.

Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.

До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.

Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија14 часа

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија17 часа

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија17 часа

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија17 часа

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ18 часа

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија18 часа

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија20 часа

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ21 час

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет21 час

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет22 часа

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа23 часа

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет23 часа

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет24 часа

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа24 часа

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија1 ден

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија2 дена

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија2 дена

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...